Република Северна Македонија, како потписничка на Конвенцијата за заеднички транзит (CTC), го користи системот НКТС фаза 4, современа алатка за спроведување на транзитната постапка.
Согласно условите на Конвенцијата за заеднички транзит, сите нејзини членки треба да направат надградба на системот во НКТС фаза 5, кој претставува нова верзија со подобрени функционалности.
Ова е прво ажурирање на системот НКТС со кое се предвидуваат промени во однос на усогласување на системот со законските барања пропишани во Царинскиот закон на Унијата (UCC) и Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.
Една од поголемите измени е усогласување на размена на IE пораки со потребни податоци дефинирани во прилозите кон Уредбите на ЕУ, но и во Конвенцијата, имајќи ги при тоа во предвид ЕУ царински модел на податоци.
Со новините на системот НКТС 5 ќе се овозможи олеснување на регистрирањето на „попатните“ настани во текот на транзитната постапка и воведување на нови процеси и улога на ова царинска испостава, ќе се имплементира транзитна декларација со намален сет на податоци и поднесување на декларација пред ставање стока на увид и ќе овозможи размена на пораки по електронски пат помеѓу различни системи за декларација на ниво на ЕУ. Исто така ќе следи и миграција на податоци од НКТС 4 во НКТС 5.
Царинската управа, во соработка со надворешен изведувач, веќе започна со развој и имплементација на новиот систем НКТС 5 кој треба да се пушти во продукција кон крајот на првиот квартал од 2024 год.*
Царинската управа редовно ќе ги информира своите партнери, Економските оператори за сите планирани активности кои ќе следат.
Тука ќе може да ги најдете сите потребни информации во врска со сите фази на имплементација на овој проект.
23.09.2024
Ажурирани се документите поврзани со спецификациите за економските оператори. Накратко, документите се ажурирани во следните делови:
- Ажурирана е структура на пораката TR083, како одговор на конкретно прашање добиено од софтверски изведувач (види MK-UCC.NCTSp5.Message Structures document);
- Следното издание на NCTS ќе ја вклучи функционалноста за избор на декларација во одредишната испостава за контрола. Во тој случај, економскиот оператор од одредишната царинска испостава ќе биде информиран за контролите со пораката TR060.
Структурата на пораката е опишана во документот MK-UCC.NCTSp5.Message Structures и соодветниот тек на пораки во документот MK-UCC.NCTSp5.Message Exchanges.
Документите се испраќаат со видлива патеката на промени во документот (track changes) за полесно следење на читателот.
Ажурирани се XSD шемите за спецификациите на ЕО.
- Пораката TR083 е корегирана за прифаќање на приложените документи;
- Пораката TR060 за изборната функционалност на контролите на ЦИ на дестинацијата;
- Namespace е прилагоден на околината за Република Северна Македонија.
_________________________________________________________________________________________________________________________________
Функционална и техничка спецификација
Европска спецификација - Main Document
Иницијални технички спецификации за Економски оператори. Ќе следи нивно дополнување наскоро
Како да се подготвите за воведување на НКТС- фаза 5
Пристапувањето до новиот систем НКТС- фаза 5 може да биде преку сопствен внатрешно развиен софтвер и/или преку царинскиот трејдер портал.
За подготовка на софтвер и имплементација на интерфејс B2G со НКТС 5 ве молиме користете ја иницијалната техничка спецификација за размената на пораки со преземање тука: Техничка спецификација за интерфејс B2G со НКТС 5
Истите може да бидат предмент на измени и дополнувања.
30.09.2024
Втора верзија на Техничка спецификација со информации за имплементација на дигитален потпис.
Ажурирана ТС за интерфејс B2G со НКТС 5
/content/documents/NCTS 5/B2GMessage.xsd
/content/documents/NCTS 5/xmldsig-core-schema.xsd
Примери на пораки доставени од изведувачот
/content/documents/NCTS 5/CC007C-payload.json
/content/documents/NCTS 5/CC015C-payload.json
Конечните функционалности поврзани со дигиталното потпишување ќе бидат објавени дополнително.
03.10.2024
B2GMESSAGE xsd со мала промена. Изментите се направени со цел да се поедностави користењето на електронски потписи врз база на сертификати.
/content/documents/NCTS 5/B2GMessage.xsd
Примери на пораки доставени од изведувачот
/content/documents/NCTS 5/CC015C-payload.txt
/content/documents/NCTS 5/CC007C-payload.txt
Контакт за дополнителни технички информации:
e-mail: CDEPS-Software-Kontakt@customs.gov.mk
*Датумот за пуштање на новиот систем во продукција е предвиден за октомври 2024 год.