Проект за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан (Светска банка)

Факти за проектот

Цел: Царинската управа, агенциите и инспекциските служби кои учествуваат во царинската постапка ќе добијат нов Национален едношалтерски систем „Single Window System“ (NSW) за хармонизација на процесите и податоците за обработка на дозволите од прекуграничниот проток на стоки, применувајќи ги притоа прописите и техничките  спецификации, согласно стандардите и практикитена ЕУ. Со овој Проект ќе се изврши и модернизација и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, и имплементација на Нов систем за видео надзор, интегриран со систем за автоматско распознавање на регистарски таблички.

Времетраење: 2021/2024

Вредност: 8,82 милиони УСД

Резултат: Имплементиран нов Национален едношалтерски систем „Single Window System“ (NSW); реконструирани граничните премини Деве Баир и Ќафасан и воспоставени заеднички контроли на ГП Ќафасан; набавен и функционален Нов систем за видео надзор, интегриран со систем за автоматско распознавање на регистарски таблички.

Проект „Воспоставување на анализа на ризик и царински податочен склад за Царинската управа на Република Северна Македонија“ - подржан од Царинската служба на Јужна Кореја

ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:

Цел: Се очекува значителен придонес за понатамошен развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад за потребите на Царинската управа, односно за спроведување на царинските постапки.  Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи преку алармирање, подобро таргетирање на декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката.

Времетраење: 2023-2026 година

Вредност: 4,8 милиони американски долари 

Резултати:  Ќе се воведе напреден Систем за управување со ризик, поврзан со новововедениот податочен склад. Ќе се воспостави Систем за складирање на податоци кој вклучува:  царински податоци што ги вчитува и анализира информациите за патниците на аеродромите, информациите за стоките во транзит, при спроведување на царинската постапка и други податоци од други системи за постапување од страна на  царинските службеници. Обука за користењето и функционирањето на системот што ќе ги зајакнат оперативните капацитети. Проширување на постојната ИТ инфраструктура преку  обезбедување на хардверкса опрема и софтвер според потребите на проектот. 

Scroll to top

.