Проектот е финансиран преку ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија за 2021-2027 година.
Стратешкииот проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Струмјани – Берово (Клепало) е заеднички проект на Бугарија и Северна Македонија преку кој ќе се подобри поврзаноста помеѓу двете земји, ќе се олесни комуникацијата и ќе се поттикне туристичката размена. Ставањето во функција на новиот граничен премин ќе ја зголеми фреквенцијата на сообраќајот меѓу двете земји, ќе го стимулира економскиот развој на регионот и ќе овозможи директен пристап до автопатот Струма (во Бугарија), кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа.
ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:
Проектот е поделен во 2 фази.
Во првата фаза, која се очекува да заврши во 2026 година ќе се спроведат подготвителни активности, поврзани со планирање, проектирање и избор на изведувачи.
Во втората фаза – која ќе се спроведе од 2027 до 2029 година ќе се реализираат градежните активности на инфраструктурата на граничниот комплекс. На бугарската страна ќе се градат неколку згради и ќе се изгради патна инфраструктура, додека на македонска страна ќе се реконструираат и модернизираат постоечките структури и објекти.
Цел: Развој на одржлива интелигентна и интермодална, национална, регионална и локална мобилност отпорна на клима, вклучително и подобрен пристап до TEN-T и прекугранична мобилност". Олеснување на зголемениот сообраќај на луѓе помеѓу двете земји; зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји и подобрување и проширување на пристапот до основните делови од патната мрежа TEN-T, вклучително и олеснет пристап до коридорите IV и VIII, што треба да ја подобри регионалната поврзаност и да ја поттикне економската раст на програмската област.
Времетраење: 2023-2029 година
Вредност: 3,6 милиони евра за македонската страна
Резултат: Реконструиран/модернизирани функционален граничен премин Клепало. Подобрена поврзаност помеѓу двете земји, олеснување на комуникацијата и поттикнување на туризмот. Зголемување на фреквенцијата на сообраќајот меѓу двете земји, стимулирање на економскиот развој на регионот и олеснет пристап пристап до автопатот Струма, кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа.