Одобрение за застапување во царински постапки
Со Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки се уредени условите и постапката за издавање на одобрение и лиценца за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи, условите и постапката за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, начинот на кој се спроведува контролата над работата на овластените царински застапници и лиценцираните застапници, како и видот на евиденциите кои се водат.
Работи на застапување во царинските постапки може да врши трговско друштво или трговец поединец кое ги исполнува условите пропишани со овој закон и има одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки
Одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки се издава на трговско друштво или трговец поединец кое ги исполнува следниве услови:
- е регистрирано во Република Македонија;
- е регистрирано за вршење дејност, која вклучува и застапување во царински постапки;
- има вработено на неопределено време најмалку еден лиценциран застапник;
- располага со деловен простор и опрема за вршење на застапување во царински постапки соодветнa за пристапување до компјутерскиот систем на Царинската управа за обработка на царински и други документи;
- да поднесе писмена изјава дека во рок од 30 дена од добивање на одобрението за вршење на работи на застапување во царинските постапки со Царинската управа ќе склучи договор за пристапување до компјутерскиот систем за обработка на царински документи;
- да поднесе изјава во хартиена форма потшишана со своерачен потпис или изјава во форма на електронски документ потпишана со квалификуван сертификат за електронски потпис соодветно на начинот на поднесување на барањето, дека во рок од 30 дена од денот на добивање на одобрението за вршење на работи за застапување
во царинските постапки со Царинската управа ќе склучи договор за пристапување до компјутерскиот систем за обработка на царински документи
- пприложи изјава дека ќе го гарантира исполнувањето на обврските кои може да произлезат од вршењето на застапување во царинските постапки според овој закон;
- во последните две години подносителот на барање и одговорното лице кај подносителот на барање со една или повеќе правосилни одлуки на надлежен прекршочен орган, односно суд, не се огласени за виновни за сторен царински прекршок и дека не им е изречена глоба во вкупен износ кој надминува 20.000 евра во денарска противвредност или не се огласени за виновни со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизите;
- нема ненамирени обврски и долгови кон државата.
Одобрението за вршење на работи за застапување во царинските постапки Царинската управа го издава во рок од 30 дена од денот на приемот на уредно поднесеното барање кон кое се приложени сите докази за исполнетост на условите.
Упатство за начинот на вршење на застапување во царините постапки
Образец-Поломоштво за директно застапување
Образец-Поломоштво за директно застапување-ЗУЈ
Образец-Поломоштво за индиректно застапување
Образец-Поломоштво за индиректно застапување-ЗУЈ
Барање за издавање на одобрение за вршење работи за застапување во царински постапки