Прашања за НКТС

Како да добијам овластување за работа во НКТС системот, како и шифра за работа со гаранција?

За добивање на корисничко име и лозинка во системот, истото го прави локалниот администратор на имателот на одобението. Наски се дадени во „Корисничкото упатство за НКТС – економски оператори“ во точката шест „Модул за овластувања“. За добивање на шифра за работа со гаранции мора да се обратите во Одделението за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализи на ЦУРСМ.

Како можам да вратам декларација во предходен статус?

НКТС системот не дозволува враќање на декларациите во предходен статус. Доколку е настаната грешка во некој статус на декларацијата истата се соопштува во надлежната појдовна испостава каде истата административно се решава.

Системот воопшто не работи

Системот не е достапен секој ден од 08:30 до 09:15, поради backup на податоци. За секој друг прекин на системот има известување на web страната на Царинската управа.

Како економски оператор на поаѓање имам декларации кои се во статус „Измена на гаранција“. Што да направам?

Доколку имате декларација која е статус „Измени на гаранција“, тоа значи дека има грешка со вашата гаранција. Треба да се поднесе измена на гаранција во рок од три часа по добивањето на статус „Измени на гаранција“ и истата да биде регистрирана од царинскиот службеник. Доколку не се поднесе измена на гаранцијата во одредениот рок токаш декларацијата автоматски го менува статусот во „Не е ослободено за транзит“.

Како економски оператор на поаѓање имам декларации кои се во статус „Се препорачува наплата“. Што да направам?

Доколку имате декларација која е во постапка за наплата на царински долг треба да се консултирате со Одделението за гранични и транзитни постапки, за насоки како да го раздолжите транзитот.

Како економски оператор на одредиште имам декларација која е во статус „Известувањето за пристигнување е отфрлено“. Што да направам?

Овој статус на декларацијата се појавува доколку имате поднесено повеќе од едно известување за пристигнување. За да не се појавува овој проблем не треба да се испраќа известување за пристигнување повеќе од еднаш. Доколку веќе имате испратено повеќе од едно известување за пристигнување и деклрацијата е во статус „Ивестувањето за пристигнување е отфрлено“, ќе се обратите до надлежната царинска испостава за да го обработат движењето како редовна постапка.

Како економски оператор на поаѓање имам декларации кои се во статус „Се препорачува испитна постапка“. Што да направам?

Доколку имате декларација која е во испитна подтапка треба да се консултирате со Одделението за гранични и транзитни постапки, за насоки како да го раздолжите транзитот.

Како економски оператор на поаѓање имам поднесено декларација во поедноставена постапка, но и по истек на тајмерот кој е дефиниран во моето одобрение за овластен испраќач декларацијата сеште не е ослободена. Што да направам?

Доколку по истекување на тајмерот сеште декларацијата не е ослободена тогаш или е донесена одлука за контрола на стоката од старана на царински службеник или пак немате доволно износ на гаранцијата. Доколку немате доволно износ на гаранцијата декларацијата е во статус „Измени на гаранција“ каде имате опција за промена на гаранцијата. При извршена промена на гаранцијата треба да се обратите до надлежната царинска испостава за да ви ја ослободи декларацијата како редовна постапка.

Како економски оператор кој го користи царинскиот систем на почетниот екран во листата на декларации не ги гледам сите декларации кои ги имам поднесено. Како да ги прегледам сите?

На основниот екран листата на декларации има поставено основен филтер, од одреден датум (една недела пред денешниот ден до денешен ден), како и основно подесување на преглед на 15 декларации на една страна. За да се прегледаат повеќе декларации треба да се промени филтерот да прикажува декларации за поголем временски период како и можнота за преглед на декларации да се зголеми од повеќе од 15(Слика) .

Како економски оператор кој го користи царинскиот систем на почетниот екран во листата на декларации не ги гледам сите декларации кои ги имам поднесено. Како да ги прегледам сите?

Горенаведените рубрики неможат да се променат со поднесување на измена на декларација. Само рубриките 18, 21, 25 како и податоците за наименуванијата можат да се променат со поднесување на измена на декларација. Доколку е направена гршка во некоја друга рубрика треба електронски да се поднесе барање за поништување на декларацијата со наведена причина за поништување дека има настанато грешка во некоја од горенаведените рубрики. По одобрувањето на барањето за поништување од страна на надлежната царинска испостава се поднесува нова декларација со точни податоци.

Како економски оператор кој го користи царинскиот систем на почетниот екран во листата на декларации имам декларации кои се во статус зачувано. Како да ги избришам тие декларации?

Декларацијата може да има статус зачувано доколку Вие при самото подготвување се ја зачувале за понатамошна доработка пред нејзино поднесување или пак декларацијата има одредени технички гршки и неможе да се прифати од страна на системот и е оставена за понатамошна доработка односно поправање на грешките. Овие декларации како и сите други не можат да се избришат.

Како економски оператор на поаѓање имам направено грешка во рубрика 2-испраќач или рубрика 8-приемач, или пак имам направено грешка во појдовната односно одредишната испостава. Стоката сеуште не е пристигната на одредишната испостава. Дали може да направам измена на декларацијата и како да ги променам горенаведените рубрики?

Горенаведените рубрики неможат да се променат со поднесување на измена на декларација. Само рубриките 18, 21, 25 како и податоците за наименуванијата можат да се променат со поднесување на измена на декларација. Доколку е направена гршка во некоја друга рубрика треба електронски да се поднесе барање за поништување на декларацијата со наведена причина за поништување дека има настанато грешка во некоја од горенаведените рубрики. По одобрувањето на барањето за поништување од страна на надлежната царинска испостава се поднесува нова декларација со точни податоци.

Како економски оператор на поаѓање имам направено грешка во рубрика 2-испраќач или рубрика 8-приемач, или пак имам направено грешка во појдовната односно одредишната испостава. Стоката е пристигната на одредишната испостава, односно за декларацијата е поднесено известување за пристигнување. Дали може да направам измена на декларацијата и како да ги променам горенаведените рубрики, дали може да ја поништам декларацијата и да поднесам нова?

Измена на одредени рубрики како и поништување на декларација може да се направи до моментот пред да се поднесе извесување за пристигнување на одредиште. Доколку веке е поднесено извесување за пристигнување одредишната испостава или економкиот оператор на одредиште(доколку е поедноставена постапка на одредиште), треба да ги внесат несогласувањата во резултати од контрола односно забелешки од изтовар. Истите ке бидат испратени до појдовната испостава. Стоката на одредиште ќе биде ослободена но вашата гаранција нема да биде раздожена. Раздолжувањето на транзитот ќе го направите со поднесување на докази за настаната грешка до појдовната испостава.

Како економски оператор кој го користи царинскиот систем на почетниот екран во листата на декларации на одредени корисници ми појавува декларации кај кои како главен обврзник се појавува друг економски оператор. Што да направам со овие декларации?

Оваа ситуација настанува кога корисничкото име е исто со корисничко име од друг економски оператор. На пример доколку вашето корисничко име е „PETKO“ има исто корисничко име на друг економски оператор. За да избегнете ваква ситуација вашите кориснички имиња креирајте ги во формат IME.BROJ_NA_LICENCA за да бидат единствени во системот. Можете да направите и промена на веќе постоечките кориснички имња, по проментата треба да го известите Одделението за наплата за да се додели пин код од гаранцијата на променетото корисничко име.

Не можам да се најавам во системот како локален администратор. Ми јавува невалидно корисничко име или лозинка. Предходно се имам најавувано со истото корисничко име. Што да направам?

Треба да се обратите до хелп деск на Царинска управа и да побарате да ви ја „ресетира“ лозинката. По ресетирањето на лозинката истата ќе Ви биде доставена на меил.

Неможам да се најавам во системот. Ми јавува невалидно корисничко име или лозинка. Предходно се имам најавувано со истото корисничко име. Што да направам?

Треба од вашиот локален администратор да побарате да ви ја „ресетира“ лозинката. Тоа се прави со главната шифра која ви беше доставана од страна на Царинска управа, во модулот на овласувања на апликацијата за економски оператори. По ресетирањето да ви ја достави новата лозинка за да можете да се најавите во системот.

Како економски оператор на одредиште во поедноставена постапка, имам испратено забелешки од истовар но транзитот сеуште не е раздолжен, декларацијата е во статус „Забелешки од истоварот“. Што да направам?

Овој статус на декларација се појавува доколку се внесени забелешки од истоварот каде се најдени неправилности при истоварот. Затоа треба да се контактира надлежната царинска испостава за да направи дополнителна контрола на стоката и да го затвори транзитот.

Дали дигиталниот сертфикат кој го користам за потпишување во EXIM, може да се користи за потпишување на електронси пораки во НКТС?

За дигитални потпишување во НКТС се користи валиден сертификат издаден од институција која поседува дозвола за издавање на сертификати издадена од Министерството за финасии. При потпишување во EXIM се користи истиот вид на сертификати.

ВНИМАВАЈТЕ ! За регистрација на корисник во EXIM се користи приватниот клуч, додека за регистрација во НКТС се користи јавниот клуч на сертификатот.

Како економски оператор на одредиште имам декларација која е во статус „Известувањето за прифатено“ во поедноставена постапка, но по истекување на тајмерот дефиниран во моето одобрение сеуште немам добиено дозвола за истовар. Што да направам?

Доколку немате добиено дозвола за истовар по истекување на тајмерот за поедноставена постапка дефиниран во вашето одобрение, тогаш обратете се до надлежанта царинска испостава за да ви ја кажат причината за која немате добиено дозвола за истовар и по потреба да ја завршат постапката како редовна постапка.

Кога внесуваме податоци во НКТС системот дали е потребно текстот да има македонска или англиска поддршка?

Најчест проблем на кој може да наидете е Windows поддршката за јазик ( EN/MK) на тулбарот, веднаш до часовникот, долниот десен агол. Тешко се распознава дали е Англиски “MK” или Македонски” МК” ( буквата К е малку закривена на кирилица, додека М е идентична и во двата случаи). Посебен проблем се појавува кај податоците од типот Кодови,( структура предефинирана од страна на ЕУ). Доколку се појави порака за грешка, најпрвово да се провери дали некој податок од следнава група на податоци е внесен со Македонска поддршка. Податоците наведени во следнава листа ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да се внесени со EN поддршка. Користење на фонтови не е дозволено ( MAC C Swiss, Mac C times и слично...)
1. Шифра на испостава MK001075 ( Рубрика 53 и Рубрика B) - MK- Мора де е на LATINICA (EN Support)
2. Шифра на Земја AL, BG, ( Рубрика 2 и Рубрика 8) BG, AL – Мора де е на LATINICA (EN Support)
3. Локален референтен број - LRN 14MKXXXXXXXXXX ( Рубрика 7) - MK- Мора де е на LATINICA (EN Support)
4. Референтен број на гаранција - GRN 14MK009000XXXXXX ( Рубрика 52) - MK- Мора де е на LATINICA (EN Support)
5. Идентитет на транспортно средство- само полето ЈАЗ ( Рубрика 18) MK, BG, AL - Мора де е на LATINICA (EN Support)

Кои се минималните технички услови кои е потребно да се поседуваат за да може да успешно да се работи

Првично потребо е да се обезбедат следниве предуслови:

  • Да имаат стабилна Интернет врска
  • Да поседуваат валидна е-маил адреса
  • Да имаат оперативен систем Windows XP или понова верзија
  • Да поседуваат дигитален сертификат (може да се користи истиот како и за EXIM)
  • Да бидат регистрирани во системот
  • Да имаат верзија JAVA 1.7
  • Да имаат инсталирано Internet explorer верзии IE07, IE08, IE09
Scroll to top

.