- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2046
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2029
На 08.11.2016 година, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија на Царинската управа и предаде донација – опрема за патролни чамци, во вредност од 15 илјади долари.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2011
Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35% на 75%. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2141
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија обид за влез на илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автомобили и воздухоплови, мобилни телефони, дрон, мерен уред, облека, обувки и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2097
На 14 октомври 2016 година, околу 19:30 часот, при редовна царинска контрола во внатрешноста на територијата на Република Македонија, поточно во населбата Радишани-Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило „Volkswagen“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ќ. од Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2093
Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за шверц на 24 килограми марихуана.
УЧЕСТВО НА СЕМИНАР „Е-ТРГОВИЈАТА КАКО МОЖНОСТ ИЛИ ПРЕДИЗВИК ЗА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
- Детали
- Категорија: Настани
- Посети: 2214
Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, заедно со високи претставници на царинските администрации од земјите членки на ЕУ, претставници од Европската комисија, Светската царинска организација, како и претставници од бизнис заедницата, учествуваше на семинарот „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на Европската унија“, од 10 до 11 Октомври 2016 година, во Краков – Полска.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1975
На 9 октомври 2016 година на граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските работници спречија обид за шверц на наркотично средство – марихуана.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2105
Список на кандидати за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник прв (теоретски) дел кој ќе се одржи на 12.10.2016 година во 10 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2135
Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месец септември 2016 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе 9 кривични пријави против 12 физички лица и 2 правни лица.