- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2517
Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски денес (04.10.2017година), во просториите на Царинската управа одржа работна средба со амбасадорката на Кралството Мароко за Македонија со седиште во Софија Н.Е. Закиа Ел Мидаоуи.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2713
Во период од 2 до 4 октомври 2017 година, во прва официјална посета на Царинската управа на Република Македонија, престојува делегација на Царинската управа на Република Хрватска предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии, г-дин Хрвоје Човиќ.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2513
Во период од 2 до 5 октомври 2017 година, претставници од Царинската администрација на Црна Гора престојуваат во работна посета на Царинската управа на Република Македонија. Работната посета, која се реализира на иницијатива на Царинската администрација на Црна Гора, е од областа на акцизното работење.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2374
Директорот на Царинската управа учествуваше на Семинар на високо ниво за долгорочна стратегија за имплементација на царинските ИТ системи што се одржа на 28 и 29-ти септември 2017 година во Талин – Естонија, организиран од Customs 2020 програмата за соработка на ЕУ.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2673
Во текот на минатите две недели се откриени две царински измами и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, мобилни телефони, галантерија за мобилни телефони, облека, очила, цигари, машини за испитување на рачни часовници, додатоци во исхраната и лента за кантирање на иверици.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2704
Царинската управа ги информира царинските застапниците дека обврската за пријавување за дополнителна обука се одложува за мај 2018 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2473
Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски, на 25 септември 2017 година, присуствуваше на седницата на Управниот одбор на Македонско турска стопанска комора (МАТТО), со цел запознавање сo членовите на Управниот одбор, како и со актуелните теми во трговското работење помеѓу Република Македонија и Република Турција.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2224
Денес (26.09.2017година), директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски, одржа работна средба со висок претставник од Делегација на Европска унија - раководител на Оддел за оперативни работи, за економија и финансии, г-дин Јаромир Левичек.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 4138
Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2496
Во рамки на подготвителната мисија на тимот на Светска банка, кој работи на подготовка на проект за Олеснување на транспортот и трговијата во регионот на Западен Балкан, денес (25.09.2017год.), во просториите на Царинската управа, директорот м-р Ѓоко Танасоски одржа состанок со високи претставници од тимот на Светска Банка, со цел да се разгледаат можностите за соработка.