Во текот на минатата седмица, царинските службеници открија четири царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, делови за апарати за игри на среќа, спрејови и раствор за инјекции за животни, хербициди и фалсификати.

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи запленија 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица.

Царинските службеници од граничниот премин Богородица вчера запленија 144 килограми марихуана.

Царинската управа на Република Македонија одбележува 25 години од своето постоење како самостоен државен орган. По тој повод, денес (12.04.2017 година) во амфитеатарот на Царинската управа се одржа традиционалната свечена церемонија на која присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, колегиумот на Царинската управа и други соработници и пријатели на Царинската управа. Од почетоците при осамостојувањето на 14 април 1992 година, низ текот на годините Царинската управа прерасна во современа царинска администрација.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, техничка стока, обувки, козметички производи и фалсификати.

Во рамките на Проектот за вршење на контрола на стратешки стоки  спроведуван од Светска царинска организација (СЦО), организирана е обука за спречување и откривање на прекуграничната трговија на хемиски, биолошки, радиоактивни и нуклеарни супстанции и стратешки стоки за двојна употреба во соработка со Царинската управа на Република Македонија. Обуката се одржува од 04 до 07.04.2017 година во Царинската управа во Скопје. Целта на обуката, на која предавачи се експерти од СЦО, е зајакнување на националните капацитети и контрола на стратешки стоки.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, сребрен накит, техничка стока, медицинска опрема, делови за мобилни телефони и обувки.

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16), член 94 став 2 и член 148 од уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 177/13, 62/15, 111/15 и 215/15)

На 25 март 2017 година околу 8:00 часот при вршење на царинска контрола на граничниот премин Табановце,

Со цел обезбедување на транспарентно и точно информирање на јавноста, Царинската управа и овој пат сака навремено да информира околу во моментот актуелната тема за опасен отпад кој од Италија влегол во Албанија.