Ги информираме шпедициите и економските оператори кои имаат одобрение за локално царинење во испоставата Скопје 1 (1010) дека асикудскиот сервер за испоставата Скопје 1 (1010)  е повторно во функција.

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, техничка стока, цигари, тутун, делови за централно греење, производи за лична хигиена,кармини и фалсификати.

Царинската управа на Република Македонија организира претходна обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник во периодот од 19.5-1.6.2017 година. Обуките ќе се одржат во Скопје, во Централната управа (стар објект) на 19, 26 и 30 мај и 1 јуни 2017 година со почеток од 10,00 часот.

Царинска управа информира дека увозот на одредени земјоделски производи во Европска Унија со потекло од Република Македонија може да се врши согласно одредбите во Спогодбата за стабилизација и асоцијација и согласно Регулативата за примена на автономна трговска мерка. Согласно Спогодбата ослободувањето при увоз се однесува само на царинската стапка ad valorem, а согласно Регулативата ослободувањето при увоз се однесува и на царинската стапка ad valorem и на давачките кои имаат еквивалентен ефект.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец април 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 5 кривични пријави против 5 физички лица.

Директорката на Царинската управа учествуваше на семинар на високо ниво за зајакнување на соработката помеѓу царинските и даночните служби. Семинарот се одржа од 27-ми до 28-ми април 2017 година во Малта. 

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани лекови, златен накит, лозови садници, семе за трева, автоделови, алкохолни пијалоци, облека и друго.

Царинската управа на Република Македонија на 24.04.2017 година зеде активно учество во јавната кампања за подигнување на свеста за штетните последици од фалсификуваните производи,што се одржа во просториите на ТЦ РАМСТОР во Скопје во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на правата од интелектуална сопственост“ имплементиран од „Данската канцеларија за патенти и трговски марки“.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, лекови, вакцини за животни, цигари, мотор за патничко моторно возило, монитор, облека и чаеви.

Директорката на Царинската управа учествуваше на состанок на директорите на царинските служби на земјите членки на Светската царинска организација од регионот на Европа што се одржа од 19-ти до 21-ви април 2017 година во Виена - Австрија.