Ве информираме дека по еднодневниот штрајк на грчките цариници, денес (20.10.2017 година) е нормализиран сообраќајот кон Република Грција. Сообраќајот се одвива нормално  на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија.

Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, одржа состанок со  г- дин Владимир Пивоваров, национален координатор  на Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ), тело на Владата на Република Македонија задолжено за координација и соработка со институциите и телата кои имаат надлежност на државната граница.

По најава од страна на грчката царинска служба, Ве информираме дека на ден 19.10.2017, во интервал од 05:00 до 23:00 часот, започнува штрајк на грчките царински службеници.

Според најавите, на граничните премини од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.

Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани девизи, спортски пушки, кожни ремени, делови за камиони, цигари и фалсификати.

Ве известуваме дека после успешно извршената надградба, Порталот за електронска комуникација повторно е ставен во функција, и е на располагање на економските оператори

Благодариме на разбирањето

Ве информираме дека Порталот за електронска комуникација (ПЕК), системот за електронска размена на документи со Царинската управа на Република Македонија ќе биде во прекин во периодот од 14:30 часот 13.10.2017  до 11:00 часот 16:10.2017.

Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани девизи, ловечка муниција, медицински апарати, прехранбени производи и фалсификати.

Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски денес (04.10.2017година), во просториите на Царинската управа одржа работна средба со амбасадорката на Кралството Мароко за Македонија со седиште во Софија  Н.Е. Закиа Ел Мидаоуи. 

Во период од 2 до 4 октомври 2017 година, во прва официјална посета на Царинската управа на Република Македонија, престојува делегација на Царинската управа на Република Хрватска предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии, г-дин Хрвоје Човиќ.

Во период од 2 до 5 октомври 2017 година, претставници од Царинската администрација на Црна Гора престојуваат во работна посета на Царинската управа на Република Македонија. Работната посета, која се реализира на иницијатива на Царинската администрација на Црна Гора, е од областа на акцизното работење.