Ве информираме дека ПЕК Порталот (Системот за Електронска размена на документи со Царинската управа) поради технички интервенции нема да биде достапен во период од 17:00 часот на 14.07.2021 до 08:30 часот на 15.07.2021.

Царинска управа

 

 

 

 

Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес одржа протоколарна средба со г. Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.

Царинската управа со поддршка од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth (EDGE) Project во периодот од 6.-9.7.2021 година организираше  регионална обука на тема Системски пост контроли на големи увозници/извозници.

Националната канцеларија на Интернационалната стопанска комора од Скопје во соработка со Царинската управа на РСМ денес преку видео-конференциска врска одржа работилница на тема „Имплементација на најдобрите интернационални практики за справување со корупција“.

Во период од 05.-09.07.2021 година, Царинската управа со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) преку видео-конференциска врска организира обука на тема  Управување со ризици кај Овластените економски оператори.

11-тиот состанок на ПЕМ Заедничкиот комитет преку далечинско поврзување се одржа на 1ви јули 2021 година со сите земји пристапнички на ПЕМ Конвенцијата. Заедничкиот комитет на Паневромедитеранската конвенција (ПЕМ) преференцијални правила за потекло се одржува два пати годишно и на овој комитет се носат одлуки поврзани со правилата за потекло во рамки на конвенцијата.

Заменик директорот на Царинската управа г-дин Муарем Асани, г-дин Илија Јаноски и г-дин Златко Ветеровски, зедоа учество на шестата неформална средба на директори и високи службеници од царински служби од Западен Балкан која се одржа во Тирана, Албанија. Оваа иницијатива е поддржана од  Владата и Царинската и даночна служба на Обединетото кралство.

Високи претставници на Царинската управа зедоа учество на 138-от состанок на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација (СЦО). СЦО е глобален меѓународен признат центар на царинска експертиза и има водечка улога во развојот, промовирањето и спроведувањето на современи царински системи и процедури. Состанокот се одржува преку видео конференциска врска од  24-26 јуни 2021 година.

Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, како клучен фактор за градење на меѓусебна доверба, денес директорот Горан Сугарески оствари работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија, г-ѓа Данела Арсовска.

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19, 122/21), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15и 30/16), Одлуката за давање во закуп објекти на граничен премин за патен сообраќај бр. 40-4197/1 од 13.04.2021 година („Сл. весник на РСМ” бр. 84/21) и Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 40-4497/1 од 13.04.2021 година („Сл. весник на РСМ” бр.84/21), донесени од Владата на Република Северна Македонија