(Twinning – ИПА 2), во кој покрај Царинската управа се вклучени и Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за усогласување на законодавство и подобрување на капацитетите на службата.
Факти за проектот:
Цел: Подобрување на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на вкупниот систем на приходи во земјата и обезбедување одржливо и добро управување со јавните финансии. Проектот опфаќа усогласување на даночното и царинското законодавство во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики, како и подобрување на оперативните и административните капацитети на клучните институции во системот. Дополнително, проектот има за цел да ги поедностави даночните и царинските процедури, вклучително и пријавувањето и плаќањето преку намалување на административните процедури и трошоци и подобрување на квалитетот на даночните и царинските услуги што им се даваат на граѓаните.
Времетраење: 2020-2023 година
Вредност: 3,5 милиони евра
Резултат:Поквалитетно управување со јавните финасии, подобрени оперативни и административни капацитети на институциите учесници, поедноставени царински и даночни постапки, како и подобрен квалитетот на даночните и царинските услуги.