Ветеринарна контролa
Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на Законот за ветеринарно здравство објавува:
- Листа на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка од страна на официјален ветеринар на граничен премин, и
- Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит од страна на официјален ветеринар на граничен премин
Согласно законските акти во оваа област Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежна да врши контрола на следните видови на стоки преку издавање на следните одобренија/документи:
- Ветеринарен влезен документ за живи животни
- Ветеринарен влезен документ за производи од животинско потекло
- Документ за ветеринарна проверка за добиточна храна и производи за исхрана на животни