Поради штрајк на вработените во МЖ Инфраструктура и МЖ АД Транспорт од 18.02.2017 година од 07.00 часот железничкиот сообраќај е во целосен прекин  како на влез така и на излез од РМ.Според неофицијални информации штрајкот ќе трае се до исполнување на нивните барања.

Ве известуваме дека од денес 17.02.2017 година (петок) од 11 часот блокадата на ГП Евзони – Богородица од грчка страна е прекината, односно повторно е воспоставен нормален проток на патнички и товарни моторни возила на овие гранични премини. 

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми марихуана.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за криучарење дрога, открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, оружје и муниција, цигари, возило со бункери, делови за возила, тестови за бременост и облека. 

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јануари 2017 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе 11 кривични пријави против 12 физички лица и 5 правни лица.

Поради штрајк на грчките земјоделци oд вчера (30.01.2017) од 16:00 часот,  целосно е стопиран патничкиот и товарниот сообраќај од и за Република Грција на граничниот премин Евзони.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани, девизи, машини, гасен пиштол со муниција, цигари, делови за товарни возила, делови за багери и облека.

Царинската управа на Република Македонија и оваа година се вклучи во одбележувањето на 26-ти јануари, Меѓународниот ден на царината, кој оваа година Светската Царинска Организација го одбележа под мотото "Анализа на податоци за ефективно гранично управување“.

Информираме дека по успешно завршената надградба, МАКЦИС системот повторно е ставен во функција на царинските испостави Табановце, Блаце и Тетово.

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 18 килограми марихуана.