Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-12352/2 од 13.01.2022 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2022

за вработување на 64 (шеесет и четири) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 64 (шеесет и четири) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Административен оператор за администрирање на енергенти и електрична енергија и моторни возила во Одделение за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  2. Административен оператор за акцизни дозволи и одобренија во Одделение за акцизни дозволи и одобренија во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  3. Административен оператор за надзор, проверка и аналитика во  Служба за надзор, проверка и аналитика во Одделение за надзор, проверка и координација во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  4. Административен оператор за спроведување на обуки во Одделение за обуки во Сектор за управување со човечки ресурси,  1 извршител,
  5. Административен оператор во служба за присилна наплата во Служба за присилна наплата во Одделение за наплата на приходи во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител,
  6. Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти во Одделение за инвестиции, имплементација на проекти и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  7. Административен оператор за тековно одржување на објекти во Одделение за инвестиции, имплементација на проекти и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  8. Административен оператор за материјално работење и одземена и отстапена стока во Одделение за материјално работење, основни средства и одземена и отстапена стока во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  9. Административен оператор за прием и доставување во Одделение за канцелариско и архивско работење во Сектор за правни работи, 2 извршители,
  10. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 3 извршители,
  11. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје,  3 извршители,
  12. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  13. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 3 извршители,
  14. Цариник во царинска испостава Пошта Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  15. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  16. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  17. Цариник во царинска испостава Јажинце во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  18. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  19. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  20. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  21. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 3 извршители,
  22. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 2 извршители,
  23. Цариник во царинска испостава Пелинце во Царинарница Куманово,  1 извршител,
  24. Цариник во царинска испостава Белановце во Царинарница Куманово,  2 извршители,
  25. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 1 извршител,
  26. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 2 извршители,
  27. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Гевгелија,  1 извршител,
  28. Цариник во царинска испостава железничка станица Гевгелија во Царинарница Гевгелија, 2 извршители, 
  29. Виш цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  30. Цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  31. Виш цариник во царинска испостава Кавадарци во Царинарница Гевгелија,  1 извршител,
  32. Цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  33. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  34. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  35. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  36.  Цариник во царинска испостава Стење во Царинарница Битола, 1 извршител,
  37. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид во Царинарница Битола, 1 извршител,
  38. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид  во Царинарница Битола, 1 извршител,
  39. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасан  во Царинарница Битола,  1 извршител,
  40. Цариник во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 1 извршител,
  41. Цариник во царинска испостава Свети Наум во Царинарница Битола, 1 извршител,
  42. Наплатувач на граничен премин за царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,
  43. Наплатувач на граничен премин за царинарница  Гевгелија во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,
  44. Наплатувач на граничен премин за царинарница Битола во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Битола во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители.

Општи услови за сите работни места:

-            да е државјанин на Република Северна Македонија,

-            активно да го користи македонскиот јазик,

-            да е полнолетен,

-            да има општа здравствена способност за работното место и

-            со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти

-            ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Архитектура, урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-            најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

-            нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент), 

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

-            ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

-            ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

-            ниво на квалификации: Средно образование,

-            без работно искуство.

 

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-          Доказ за државјанство;

-          Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-          Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;

-          Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-          Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство);

-          Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти – 34.113,00 денари, Виш цариник – 32.728,00 денари, Цариник- 24.338,00 денари, Административен оператор – 25.543,00 денари и Наплатувач – 17.843,00 денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.08.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 24.01.2022 година (понеделник).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

 

 

Царинската управа во соработка со Меѓународната финансиска корпорациа (International Finance Corporation - IFC), на 17-18.01.2022 година и на 25.01.-02.02.2022 година ќе спроведе Студија за мерење на времето на царинење (TRS). Студијата ќе ја користи методологијата на Светската царинска организација.

Студијата за мерење на времето ќе се спроведува на патните гранични премини Табановце, Ќафасан и Богородица и на царинската испостава Скопје 3. Тие заедно покриваат околу 60% од целата трговска размена на стоки што влегува и излегува од Република Северна Македонија.

Студијата за мерење на времето на царинење (TRS) обезбедува веродостојни и потврдени информации за времето потребно на граничните агенции за обработка и обезбедување на дозвола на робата за увозните, извозните и транзитните трансакции. Студијата го одредува времето потребно за извршување на секој чекор во процесот на царинење кој ги вклучува барањата на царината и другите засегнати институции и агенции. Така, студијата обезбедува објективна основа според која влијанијата на реформите и модернизацијата може да се измерат и оценат со текот на времето: со анализа на резултатите од TRS студијата, владините агенции што ја регулираат трговијата можат да идентификуваат каде процедурите се неефикасни и да развијат стратегии и планови како да се поедностават, усогласат и рационализираат процесите со цел да се намалат трошоците и времето, односно да се олесни трговијата.

 

 

 

Царинската управа со успех ја заврши 2021 година, со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет. Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 24,70% во однос на 2020 година, односно за 12,81% во однос на 2019 година.

Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.

2021 01042021finlall

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 21.01.2022 година со почеток во  10:00 часот, во просторијата број 1 на “Европскиот универзитет“- Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат), ќе се спроведе полагање на стручен испит за вториот дел од испитот –студија на случајот со кој се проверува способноста за примена на царинските прописи во практиката, за кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел).

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

р.бПрезиме и имеВреме на полагањелокација
1.БИБЕРОВИЌ АНЕС10:00Просторија 1
2.ВЕЉАНОСКИ ВЛАТКО10:00Просторија 1
3.ГОРБАШЛИЕВА МАКЕДОНКА10:00Просторија 1
4.ДОДИЌ РЕНАТА10:00Просторија 1
5.ЈОВАНОВИЌ ДАВОР10:00Просторија 1
6.ЈОВАНОВСКА ТАМАРА10:00Просторија 1
7.МИЛИЕВИЌ ЈЕЛЕНА10:00Просторија 1
8.НАСТЕВСКА ВЕРОНИКА10:00Просторија 1
9.НИКОЛОСКИ ДАНИЕЛ10:00Просторија 1
10.САПЛАМАЕВА ПЕТРА10:00Просторија 1
11.ЌИРИЌ СТЕФАН10:00Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени за полагање на втор дел од испитот. 

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит (по втор пат) односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје), 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

 

Се известуваат сите лиценцирани царински застапници кои до сега имале поднесено барање за издавање на легитимација за лиценциран застапник дека истите може да ги подигнат секој работен ден во канцеларија број 10 во Царинска управа (стара зграда). Пожелно е едно лице од  поголемите иматели на одобрение за вршење на работи за застапување да ги подигне сите легитимации за своите колеги.

Доколку не сте во можност да ги подигнете легитимациите oд просториите на Царинската управа, потребно е да не известите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и заеднички ќе го договориме начинот на достава преку Царинарниците.

Лиценцираните царниски застапници кои воспоставиле работен однос кај друг имател на одобрение за царинско застапување имаат обврска да ја вратат старата легитимација  и да поднесат  барање за издавање на нова легитимација согласно член 8 ставот 4 од законот Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.

Лиценцираните застапници кои се во работен однос и кои не поднеле барање за издавање на легитимација потребно е да поднесат барање во согласност на членот 8 став 1 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки. Со лиценцата од членот 7 на овој закон, на барање на лиценцираниот застапник Царинската управа му издава и легитимација за лиценциран застапник.

За повеќе информации во врска со поднесување на барањето за издавање на легитимација за лиценциран застапник, ве упатуваме на https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/zastapuvanje-mk/1313-licenci-mk.

 

 

Во текот на вчерашниот ден на ГП Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија  спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.

 

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

 

Во текот на вчерашниот ден, како дел од акитвностите предвидени со Меморандумот за соработка со Универзитетот Мајка Тереза од Скопје, за студентите на четврта година од насоката за царина, шпедиција и осигурување се одржа презентација на тема „Процесот на реформа, модернизација и дигитализација на Царинската управа“.

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-11684/2 од 22.12.2021 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2021

за вработување на 1 (еден) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Советник на директорот во Царинска управа, 1 извршител,

Општи услови за сите работни места:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник на директор

-          ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240  кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-          најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-          Доказ за државјанство;

-          Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-          Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек;

-          Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-          Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Советник на директор – 47.820,00  денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 31.12.2021 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 3/2021“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Министерот за финансии, г. Фатмир Бесими денеска (28.12.2021 година), оствари работна посета на Царинската управа на Република Северна Македонија.

Царинската управа, како дел од акитвностите предвидени со Меморандумот за соработка со Универзитетот Гоце Делчев од Штип, за студентите на Економскиот факултет  одржа презентација на тема „Процесот на реформа, модернизација и дигитализација на Царинската управа“.