Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Тансоски, денес (12.09.2017 година) оствари работна средба со претставници од Tекстилен кластер, предводени од Маријана Перковска – претседател и Наташа Сивевска - извршен дирекотор на Текстилниот кластер. 

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец август 2017 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе  4 кривични пријави против 5 физички лица и 2 правни лица. 

Во текот на минатите две седмици е откриен еден обид за криумчарење марихуана и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, дрон, детектор за метали и употребувани машини за обработка на дрво. 

Царинската управа на Република Македонија воведува двосменско работење на шалтерите во својата Централна управа, што ќе се применува од утре (01.09.2017 година), во согласност со Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа. 

Денес, 29.08.2017 година, во просториите на Царинската управа, директорот на Царинската управа г-динот Ѓоко Танасоски одржа работна средба со г-дин Џорџ Р. Кларк, Регионален Советник за Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).  

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, во координирана акција со инспектори од Министерството за внатрешни работи, спречија обид за недозволена трговија со дрога, при што се запленети околу 2.700 грама марихуана. 

Денес (23.08.2017 година) во просториите на Царинска управа, директорот на  Царинската управа г-динот Ѓоко Танасоски одржа работна средба со раководителот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје г-динот Никола Бертолини. 

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце при контрола на патничко моторно возило во специјално направен бункер пронајдоа околу 22 килограми марихуана.  

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, акцизна стока, мобилни телефони, спортски обувки и друго.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јули 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 3 кривични пријави против 3 физички лица и 1 правно лице.