Во просториите на Царинската управа се одржа презнтација на апликацијата за мобилни телефонски уреди која служи за распознавање на автентичноста на акцизните марки. Оваа мобилна апликација ќе ја користат ограничен и селектиран број на корисници-царински службеници кои ќе имаат доделени привилегии од страна на Царинската управа.

Изготвениот прашалник кој се пополнува анонимно е наменет за испитување на задоволството на учесниците во царинската постапка и истиот треба да помогне да се подобри  квалитетот на услугите кои ги пружа Царинската управа, преку унапредување и подобрување според увидената состојба.

Царинската управа искажува благодарност за вашата подготвеност да го поддржите испитувањето преку вашите дадени одговори и предлози.

Одговорите ги очекуваме најдоцна до 31.03.2021
 
 

Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека на ден 24.03.2021 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 12:00 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите.

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

р.бПрезиме и имеМесто на раѓањеВреме на полагањелокација
1.АНДОНОВА НАТАЛИЈАСкопје12:00Просторија 1
2.АНЃЕЛКОСКИ ТОДОРОхрид12:00Просторија 1
3.ЈОРДАНОВСКИ ДАРКОСкопје12:00Просторија 1
4.МАКРЕСКИ РОБЕРТПрилеп12:00Просторија 1
5.НАСТОВА ЦВЕТКОВИЌ ДАНИЕЛАНеготино12:00Просторија 1
6.ПАВЛОСКИ ХРИСТИЈАНСкопје12:00Просторија 1
7.ПЕТРЕСКА СТАНЧЕОхрид12:00Просторија 1
8.СТАМЕСКИ ЗОРАНСтруга12:00Просторија 1
9.СТОЈАНОВСКИ ГОЦЕСкопје12:00Просторија 1
10.

СТОЈАНОСКА КИТАНОСКА

ВИНЕТА

Прилеп12:00Просторија 1
11.ТОШЕВСКА МАРИНЕЛАСкопје12:00Просторија 1
12.ЏАЈКОСКАБ КРИСИТНАОхрид12:00Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот. 

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит (по втор пат) односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

 

Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес од страна на господин Трипуновски, Царинската управа ве известува дека  континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги  во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.

Директорот на Царинска управа г.Сугарески, денес оствари работна посета на граничниот премин Блаце, каде имаше можност да се сретне со управникот на Царинарница Скопје, шефот и царинските службеници на царинската испостава Блаце.

Жените претставуваат околу половина од популацијата во светот. Врз основа на овој податок, би требало да се очекува дека половина од придобивките на развојниот процес одат кај жените, а другата половина кај мажите. Но, реалноста е поинаква. Менаџерите, како и општата популација, сеуште силно веруваат дека менаџерскиот успех е поврзан со машки карактеристики. На колективно ниво, моќта е способност за комбинирање на различни извори на индивидуална моќ заради постигнување на промена, односно поголеми придобивки за колективот отколку за индивидуата. А индивидуата е подеднакво моќна и способна, без разлика дали е од машки или женски род.

Царинската Управа е во постојана соработка и координација со Министреството за транспорт и врски, особено за реализација на сите градежни работи (градба, реконструкција)кои се изведуваат на граничните премини - за кои ЦУ има законски ингеренции. Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски.

Со инспекциите работиме заедно и на граничните премини и во внатрешните царински испостави. Соработката треба се повеќе да се интезивира и унапредува за квалитетот се повеќе да дојде до израз, истакна директорот Сугарески на денешната средба со директорот на Пазарната инспекција, г-дин Стојко Пауновски.

 

Работната посета на Царинарница Штип која денес ја oствари директорот на Царинската управа Сугарески беше со цел да се запознае со тековните и планирани проекти, како и со оперативните капацитети и потреби на организационите единици во склоп на оваа царинарница.

Во текот на изминатите два месеци, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани лекови, накит, облека, обувки, техничка стока, хемиски препарати, цигари, возила со бункери, регистарски таблички, девизи, фалсификати, часовници, пури и делови за велосипеди.