- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2304
Денес Царинската управа ја одбележува дваесет и седум годишнината од своето формирање како државен орган на управата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1681
Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1814
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, употребуван алат, индустриска машина, хартија за пакување, автоделови, играчки, облека, обувки, бижутерија, семиња за земјоделски култури, медицински материјали, возило со бункер и фалсификувана патна исправа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1492
По повод 14.Април – Денот на Царината, децата од СОС Детско село ја посетија Царинската управа. Домаќин на децата беше заменик директорот на г-дин Ирфан Бучи. Децата имаа можност да се запознаат со работата на царината, го посетија дежурниот царински систем, музејот на царината и присуствуваа на практична вежба за откривање на дрога со помош на царинско куче.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1496
Царинската управа најпрво ви се извинува за промената на терминот за полагање на закажаниот испит втор дел студија на случај и воедно ве известува дека полагањето на стручниот испит - втор дел (студија на случајот) кој беше закажан за ден 11.04.2019 година со почеток во 11:00 часот во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, го презакажува за ден 05.04.2019 година со почеток во 15:00 часот. Местото на одржување на испитот останува непроменето.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1350
Денес, 01.04.2019 година, започна дводневната регионална конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“ во организација на ОБСЕ и на Националниот координативен центар за гранично управување на Република Северна Македонија. Поздравно обраќање имаше Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски. На отворањето на конференцијата се обратија и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1319
Вчера (26.03.2019 година) на граничниот премин Табановце се состанаа делегации на Република Северна Македонија и Република Србија со цел воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце/ Прешево. На состанокот се разговараше за предлог договорот за воспоставување на заеднички контроли, при што се заклучи во најкус можен рок сите служби кои се присутни на граничниот премин, односно кои вршат одредени овластувања, од двете страни да ги дадат своите евентуални забелешки или дополнување на предлог договорот, истите да се усогласат и по усогласување да се закаже заедничка средба на двете комисии со цел потпишување на договорот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1274
Како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, на 27 март 2019 година започнавме јавна кампања „Стоп за фалсификувани производи“. Кампањата започна да се спроведува во СУГС ,,Орце Николов" од Скопје каде во просториите на училиштето беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1610
Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1632
Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 11.04.2019 година со почеток во 11:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидатите кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.