- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 300
Во насока на продолжување на добрата соработка помеѓу Царинската управа на Република Северна Македонија и Корејската Царина, се одржа виртуелен состанок за отпочнување на Проект кој ќе го поддржи градењето на капацитетите на Царинската управа, особено во делот на е-трговијата и воедно ќе придонесе за воспоставување на баланс помеѓу олеснета и забрзана испорака на пратките и зголемена наплата на буџетските приходи од овој вид на трговија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 404
Директорката на Царинска управа м-р Славица Кутиров, вчера учествуваше на состанок организиран во рамките на иницијативата “Отворен Балкан”. Состанокот го предводеа заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, а присуствуваа и претставниците на стопанските комори, ресорните министерства за финансии, економија и земјоделство, како и претставници од националните агенции за безбедност на храната и царинските и даночните управи од трите земји.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 373
Денес (10.11.2021 година), во просториите на Царинската Управа се одржа состанок помеѓу претставници од Македонски пошти и претставници од Царинска управа. Директорката на Царинската управа - м-р Славица Кутиров и директорот на Македонски пошти - Јани Макрадули, ја потврдија досегашната добра соработка помеѓу двете институции која беше оценета како неопходна и во интерес на олеснување на протокот на писмоносни и други пратки и заштита на безбедноста и здравејто на граѓаните на РСМ.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 736
Во Службен весник на Република Северна Македонија број 245 од 02.11.2021 година е објавена Одлуката за предвремена примена на изменувањето на Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 515
Со цел да им се помогне на земјите за намалување на времето и трошоците за прекугранична трговија, Регионалните Комисии на Обединетите Нации спроведуваат Глобална анкета за дигитални и одржливи трговски олеснувања.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 476
Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров денес се сретна со претставници на Канцеларијата за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации - UNODC.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 555
Денес се одржа завршна работилница на која беше презентиран финалниот Блупринт - документ, врз основа на кој во наредниот период ќе се изработи новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window System), кој се реализира во рамките на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project – WBTTFP), финансиран со заем од Светската Банка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 359
Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, на Царинската управа и додели опрема за осовременување и подобрување на процесот на обуки.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 333
Оваа година во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, Царинската управа се вбројува меѓу трите највисоко оценети институции според постигнатиот напредок и високо ниво на подготвеност во исполнувањето на критериумите.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 502
Денес во Царинската управа се одржа работен состанок со претставници на турската комапнија Тоббунд од Република Турција, која се занимава со логистика при транспорт на стоки, односно транзит на меѓународни транспортери според условите на Конвенцијата за заеднички транзит, а која инвестира во формирање на регионално преставништво во Република Северна Македонија.