- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 263
Денес, 18 јануари 2021 година, во Царинската управа беше извршено примопредавањето на должноста директор на Царинската управа каде новоназначениот директор Горан Сугарески официјално ја презема должноста од неговиот претходник Ѓоко Танасоски.
Танасоски на примопредавањето го информираше Сугарески за делокругот на работа како и за проектите и активностите на Царинската управа, и истовремено му посака успех во продолжувањето на мисијата да ги заштитиме финансиските интереси и општеството, истовремено поддржувајќи го економскиот развој преку соработка, олеснување и модернизација.
Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината Сугарески пред вработените ја потврди својата заложба за важноста на реализирањето на стратешките цели во оваа област и особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот целосно усогласена со стандардите на ЕУ.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 181
Во текот на вчерашниот ден Царинската управа во соработка со React одржаа онлајн обука за индентификација на производи од различни трговски марки.
Целта на обуката е учесниците да можат да идентификуваат производи од брендовите: Popsockets, Superdry, Swiss Watch Industry, PSA Group и Procter & Gamble.
Оваа обука е продолжение на обуката одржана на 17.12.2020 година на која беа презентирани брендовите Аdidas, Reebok, Canon, Bavaria, Puma и Diageo.
Ваквите обуки се секогаш интересни за слушателите, а ефектите кои ги постигнуваат се мерливи преку резултатите на царинските службеници.
Важен елемент е и учеството на царински службеници од регионот со што се зајакнуваат заедничките капацитети на царинските служби.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1157
Донесена е Насока за постапување при увоз на возила согласно Законот за регистрација на возила до странски регистарски таблички на територијата на Република Северна Македонија.
Со оваа Насока се утврдува начинот на постапување на царинските службеници при увоз на возила согласно одредбите пропишани во Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички на територијата на Република Северна Македонија, Правилникот за формата и содржината на изјавата за влез на возилото на територија на Република Северна Македонија до 01 октомври 2020 година, како и формата и содржината на изјавата за регистрација на возилото по завршување на постапка за увоз, потребната документација која се приложува при увоз на овие возила, пополнување на шифрите во царинската декларација за увоз на возилата што се предмет на увоз согласно Законот за регистрација на возила со странски таблички и кои подлежат на регистрација во Министерството за внатрешни работи, поради унифицирано спроведување на постапката за увозно царинење и навремено завршување на царинската постапка од страна на надлежните организациони единици при Царинска управа.
Насоката е јавно објавена на страната на Царинската управа на РСМ, и се наоѓа на следиот линк:
https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/patnicki-avtomobili
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 271
На ГП Богородица при влез во Република Северна Македонија на товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, извршена е детална контрола на возилото од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи. Притоа, во палетарката од десната страна биле пронајдени 6 картонски кутии со разни лекови и тоа:
- 119 паковки Lyo-cortin прашок и раствор 100мg,
- 50 паковки depakine 200 mg
- 65 паковки cytotec 200mg
- 30 паковки arcoxil 90mg
- 30 паковки neurontin 300mg
- 200 паковки маст butavate 30gr
- 20 паковки deca durabolin 50 mg,
- 50 паковки vermox 100mg
- 44 паковки aldactone 100mg
- 30 паковки plaguenil 200mg
- 50 паковки ditropan 5mg
- 50 паковки neurobion и
- 6 кутии(42 ампули) prolutex 25mg.
Стокaта, со вкупна вредност од 233.500,00 денари, е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, a целокупната документација е предадена на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување.
Царинската управа продолжува да работи во функција на граѓаните, да се грижи за нивната безбедност и стабилноста на буџетот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 539
Со цел информирање и потсетување на заинтересираните кандидати за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит, повторно ја објавуваме содржината објавена на 24.11.2020 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1375
Согласно одредбите наведени во членот 2 став 2 алинеја 2 од Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила (Сл. весник 277 од 28.12.2019), од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година вредноста на коефициентите кCO2 кои се користат при пресметата на данокот за моторните возила ќе се применуваат во зголемен износ за 25% од постојните. Новите износи се прикажани во приложената Табела.
Гранични вредности на CO2 (грам CO2/km) според NEDC |
Коефициент (денари/грам CO2/km) | ||
над | до | кCO2 Бензин,ТНГ,КПГ |
кCO2 Дизел |
0 | 1 | 0,0 | 0,0 |
1 | 50 | 6,25 | 12,5 |
51 | 75 | 12,5 | 25,0 |
76 | 90 | 25,0 | 50,0 |
91 | 100 | 37,5 | 75,0 |
101 | 110 | 50,0 | 100,0 |
111 | 130 | 62,5 | 125,0 |
131 | 140 | 87,5 | 162,5 |
141 | 150 | 125,0 | 200,0 |
151 | 170 | 162,5 | 237,5 |
171 | 190 | 200,0 | 275,0 |
191 | 225 | 237,5 | 312,5 |
226 | 255 | 275.0 | 350.0 |
256 | - | 312,5 | 400,0 |
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 301
Донесена е Одлука за утврдување на износот на трошоците за печатење и чување на акцизните марки за обележување на тутунските производи и алкохолните пијалаци, кои Царинската управа ги наплатува од акцизните обврзници кои се регистрирани корисници на акцизни марки.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 443
Традиционалната новогодишна средба, годинава ја одржуваме во сосема поинакви услови, преку видео платформа. Дозвелете на почетокот да Ве поздравам и да се заблагодарам за присуството. Пред да кажам било што сакам да се заблагодарам на севкупниот труд и пожртвуваност на сите Вас во исполнувањето на работните обврски во ова исклучително тешко време глобална пандемија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 679
Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија на 31.01.2020 година со преоден период од 11 месеци. Согласно заедничкиот договор, за т.н транзиционен период, законодавството на ЕУ се применуваше и за Обединетото Кралство и немаше никакво влијание на царинските и надворешно-трговските постапки.
Од 01.01.2021 година Обединетото кралство и официјално не е членка на ЕУ, што значи станува трета земја во ЕУ и повеќе не учествува во процесот на носење одлуки во ЕУ.
Имајќи во предвид дека Велика Британија е еден од најзначајните наши трговски партнери, со кој имаме воспоставено високо ниво на надворешна-трговска соработка во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Царинската управа изминатата година оствари низа билатерални средби со претставници на компаниите кои тргуваат со Обединетото Кралство, разговараше за важноста на Брегзит и активно учествуваше во процесите на преговорите.
Република Северна Македонија во декември 2020 година потпиша Спогодба за партнерство, трговиjа и соработка помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Северна Македониjа . Врз основа на одредбите од оваа спогодба надворешно-трговската размена и преференциjалните царински стапки меѓу Република Северна Македонија и ОК почнуваќи од 01.01.2021 година се применуваат врз основа на овaa новa спогодба.
Царинската управа изготви Царински прирачник со цел да се доближат до деловниот сектор сите измени кои стапуваат во сила од 01.01.2021. Целиот прирачник може да го видите тука:
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 187
Во текот на денешниот ден, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа онлајн презентација на резултатите од петтата годишна проценка на деловното опкружување во државата.