- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2907
По повод 26 - ти јануари, Меѓународниот ден на Царината, кој годинава се одбележува под мотото "Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт", со кое се охрабруваат членките на Светската царинска организација (СЦО) да размислат како најдобро можат да обезбедат брзо и непречено прекугранично движење на стока, луѓе и превозни средства, денес (28.01.2019 година) на шеснаесет царински службеници и пет компании, им беа доделени пофалници од Генералниот секретар на СЦО, г-дин Кунио Микурија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1147
Во периодот од 21-23 јануари, 2019 година во официјална посета на Царинската управа на Република Македонија престојуваше делегација од Царината на Република Кореја, која оствари средби со менаџментот на Царинската управа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1692
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за илегално преминување на границата и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автобуси, приколка за превоз на возила, стоматолошки материјали и рисивери.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2424
Во Владата на Република Македонија денеска се одржа настан на промоција на концептот овластен економски оператор на кој претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски го доделија првиот сертификат за овластен економски оператор на реномираната домашна компанија Европа АД Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1954
Во текот на последната недела од 2018 година и Новогодишните и Божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци, алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2803
Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии Драган Тевдовски на посетата на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 3407
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1735
На 18 декември 2018 година, во царинската испостава Аеродром Скопје - патнички промет, на влез во Република Македонија при детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин, во патната торба, царинските службеници пронајдоа непријавена стока - златен накит.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1807
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2359
Царинската управа ги поканува сите застапници (шпедитери) што поднесуваат декларации во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи на 24 и 25 декември со почеток во 10,00 часот, во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (Лазар Личеноски, 13 Скопје).