На 17.11.2021 година во просториите на Царинската управа,директорката г-ѓа Славица Кутиров заедно со заменик директорот, г-дин Муарем Асани остварија средба со висок претставник од Британската амбасада, г-дин Сајмон Вудок, Офицер за врска за фискален криминал за Косово и Северна Македонија.

Во насока на продолжување на добрата соработка помеѓу Царинската управа на Република Северна Македонија и Корејската Царина, се одржа виртуелен состанок за отпочнување на Проект кој ќе го поддржи градењето на капацитетите на Царинската управа, особено во делот на е-трговијата и воедно ќе придонесе за воспоставување на баланс помеѓу олеснета и забрзана испорака на пратките и зголемена наплата на буџетските приходи од овој вид на трговија.

Директорката на Царинска управа м-р Славица Кутиров, вчера учествуваше на состанок организиран во рамките на иницијативата “Отворен Балкан”. Состанокот го предводеа заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, а присуствуваа и претставниците на стопанските комори, ресорните министерства за финансии, економија и земјоделство, како и претставници од  националните агенции за безбедност на храната и царинските и даночните управи од трите земји.

Денес (10.11.2021 година), во просториите на Царинската Управа се одржа состанок помеѓу претставници од Македонски пошти и претставници од Царинска управа. Директорката на Царинската управа - м-р Славица Кутиров и директорот на Македонски пошти - Јани Макрадули, ја потврдија досегашната добра соработка помеѓу двете институции која беше оценета како неопходна и во интерес на олеснување на протокот на писмоносни и други пратки и заштита на безбедноста и здравејто на граѓаните на РСМ.

Во Службен весник на Република Северна Македонија број 245 од 02.11.2021 година е објавена Одлуката за предвремена примена на изменувањето на Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

 

Со цел да им се помогне на земјите за намалување на времето и трошоците за прекугранична трговија, Регионалните Комисии на Обединетите Нации спроведуваат  Глобална анкета за дигитални и одржливи трговски олеснувања.

Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров денес се сретна со претставници на Канцеларијата за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации - UNODC.

Денес се одржа завршна работилница на која беше презентиран финалниот  Блупринт - документ, врз основа на кој во наредниот период ќе се изработи новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window System), кој се реализира во рамките на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project – WBTTFP), финансиран со заем од Светската Банка.

Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, на Царинската управа и додели опрема за осовременување и подобрување на процесот на обуки.

Оваа година во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, Царинската управа се вбројува меѓу трите највисоко оценети институции според постигнатиот напредок и високо ниво на подготвеност во исполнувањето на критериумите.