- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 427
Царинската управа ве известува дека на ден 02.11.2020 година (понеделник) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 10:50 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидати кои:
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 498
Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 22/19), Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.44-8422/1 од 09.10.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.243/20), Царинската управа, објавува
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 491
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија девет илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, производи за нега на заби и лице, домашна ракија, ароматизиран тутун за наргиле, цигари и автоделови.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 440
Денес на граничниот премин Блаце, на Царинската управа и беше донирана заштитна опрема и техничка опрема од три HP лаптопи преку програмата EXBS на Амбасадата на САД која ќе служи како надоплнување во подобрувањето на капацитетите за системот за контрола за поуспешна борба против недозволената трговија од секаков вид, оружје за масовно уништување и други видови на закани.
Изминатиот период Програмата преку соодветна поддршка во голема мерка придонесе кон подготвеноста за соодветен одговор на можните закани по
безбедноста на државната граница, односно спречувањето на недозволената прекугранична трговија која претставува закана за економските и безбедносните интереси на своите жители.
Директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски истакна дека техничката опременост на граничните премини e од особена важност за успехот во откривачката дејност на еден царински службеник да биде на високо ниво. Како и дека перманентното работење на подобрување на методологиите и способностите значи обезбедување на поголема безбедност и сигурност на границата, но и на личната безбедност на вработените и патниците.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1336
Почитувани,
Согласно препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување на јавни масовни собири, Царинската управа ги одложи закажаните дополнителни обуки за царински застапници, што требаа да се одржат во март, април и мај.
Царинската управа ве известува дека продолжува со организирање на онлајн дополнителни обуки за пријавените учесници.
Обуките ќе се одржат според распоред во 3 (три) термини и тоа:
- Термин 2 - од 19.10.2020 до 22.10.2020
- Термин 3 - од 26.10.2020 до 29.10.2020 и
- Термин 4 - од 2.11.2020 до 5.11.2020
Учесниците кои треба да ја посетуваат обуката се наведени во следните листи:
Листа на учесници Термин 2 (планиран за 19, 20, 21 и 22 октомври 2020)
Листа на учесници Термин 3 (планиран за 26, 27, 28 и 29 октомври 2020)
Листа на учесници Термин 4 (планиран за 2, 3, 4 и 5 ноември 2020)
Напоменуваме дека сите учесници ќе бидат контактирани од Одделението за обуки преку електронска пошта (на адресата која е оставена како контакт во Пријавата за дополнителна обука)
Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Заради поголема ефикасност на обуките ги охрабруваме сите пријавени учесници да постават прашања во врска со секојдневното работење. Прашањата може да се достават по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Царинската управа го задржува правото за измена на предложените термини, за што учесниците ќе бидат навремено известени.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 883
Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки.
Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат стручниот испит на ден 15.10.2020 година
р.б | Презиме и име | Место на раѓање | Време на полагање | локација |
1. | АРЛИНД ИСМАИЛИ | Струга | 10:50 | Просторија1 |
2. | БОРИС МИХАЈЛОВ | Тетово | 10:50 | Просторија1 |
3. | ВЕСНА ЃОРГИЕВСКА | К.Паланка | 10:50 | Просторија1 |
4. | ДАМЈАН СОТИРОВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
5. | ДАНИЕЛА СПАСОВСКА | К.Паланка | 10:50 | Просторија1 |
6. | ДАРКО ЈОРДАНОВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
7. | ДИМИТАР МАТЕСКИ | Гостивар | 10:50 | Просторија1 |
8. | ЃОКО РИСТИЌ | Битола | 10:50 | Просторија1 |
9. | ЕЛЕНА ЈАНЕВА | Струмица | 10:50 | Просторија1 |
10. | ЕМИЛИЈА РИСТИЌ | Битола | 10:50 | Просторија1 |
11. | ЗОРАН АНТЕВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
12. | ИВАНА Л. МИЛОСОВСКИ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
13. | ИВО ДАСКАЛОВ | Скопје | 10:50 | Просторија1 |
14. | ЈУЛИЈАНА ЗДРАВКОВСКА | Куманово | 10:50 | Просторија1 |
15. | ЉУПКА ПЕХЧЕВСКА | Берово | 10:50 | Просторија1 |
16. | МАРИНА И. ЛАЗАРОВА | Скопје | 13:10 | Просторија1 |
17. | МАРЈАН ПАЈДАКОВ | Гевгелија | 13:10 | Просторија1 |
18, | МАРТИН НИКОЛОВСКИ | Скопје | 13:10 | Просторија1 |
19, | МЕРИ БОШКОВСКА | Куманово | 13:10 | Просторија1 |
20, | МИТКО ТРАЈАНОВСКИ | Ресен | 13:10 | Просторија1 |
21, | НАТАЛИЈА ЈОШЕВА | Кавадарци | 13:10 | Просторија1 |
22, | НАТАЛИЈА РЕНДЕВСКА | Битола | 13:10 | Просторија1 |
23, | НИНА ДИМИТРИЈЕВИЌ | Куманово | 13:10 | Просторија1 |
24, | САШЕ ЕНДЕКОВСКИ | Битола | 13:10 | Просторија1 |
25, | СВЕТЛАНА МИТРОВСКА | Скопје | 13:10 | Просторија1 |
26, | СОЊА РИСТЕВСКА | Охрид | 13:10 | Просторија1 |
27, | СТЕФАН БОШКОВСКИ | Куманово | 13:10 | Просторија1 |
28, | СТЕФАН ДИМОСКИ | Скопје | 13:10 | Просторија1 |
29, | СТЕФАНИ ЃОРГИЕВСКА | К.Паланка | 13:10 | Просторија1 |
30, | ФРОСИНА ЈАКИМОВСКА | Скопје | 13:10 | Просторија1 |
Кандидатите се поделени во две групи заради превенција од ширење на болеста COVID19.
Кандидатите од реден број 1 заклучно со реден број 15 од горе наведениот список се распоредени во првата група. Полагањето ќе започне во 10:50 часот и ќе трае се до 12:50 часот.
Кандидатите од реден број 16 заклучно со реден број 30 од горенаведениот список се распоредени во втората група. Полагањето ќе започне во 13:10 часот и ќе трае се до 15:10 часот.
Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:
Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.
Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.
Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.
Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.
Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници, на секој кандидат, ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 564
Царинската управа на Република Северна Македонија како дел од подготовките за влез во Европската Унија во континуитет воведува нови информатички системи поврзани со спроведување на царинските постапки. Целта е поедноставување и рационализирање на сите царински процеси и постапки преку имплементирање на електронска и бесхартиена околина во ЦУ и интегрирање со системите на ЕУ.
Доказ за успешно превземените активности за олеснување на царинските постапки е и признанието кое ЦУ го доби во овогодинешниот извештај на ЕК за напредок на РСМ во пристапувањето кон ЕУ.
Поглавјето 29.Царинска Унија ја има највисоката оценка која е дадена во овој извештај со заклучок дека Царината има постигнато добар напредок во претходната година и одржува добро ниво на подготовка во делот на Царинската Унија.
Концептот дигитална царина е веќе реалност и е нотирано во самиот извештај на ЕК каде се констатира „Земјата заврши, примени и одржува нов електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)“.
Во извештајот се истакнува и дека е воспоставен едношалтерски систем за контрола на границата со Србија (One Stop Shop) кој резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. Со воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на службите на двете земји, коридорот 10 стана поатрактивен и поефикасен за вршење извоз, увоз и транзит на стоки Ваков систем на заеднички контроли е во тек на воспоставување со Р.Албанија каде што веќе започна со работа новоизградениот царински терминал.
Кон добрата оценка за поглавјето 29, придонесоа и високата усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ; воведувањето на концептот на Овластен економски оператор (ОЕО), подобрената меѓу-институционална соработка, учеството во меѓународни операции за борба против недозволена трговија со дрога, фалсификувана стока и лекови, акцизна стока, оружје, експлозиви, опасен отпад и хемикалии, диви животни и растенија, културни добра и борба против трговија со луѓе, итн..
Во наредниот период претстои вистински ангажман во домен на консолидација и целосна примена на постоечките ИТ системи, нивна надградба и одржување, континуитет во работењето и целосна имплементација на Протоколот 5 на ЦЕФТА за олеснување на трговијата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 300
Денес, 06.10.2020 година, во рамките на Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја се одржа видеоконференциски состанок меѓу двете страни на кој се разгледа напредокот на спроведувањето на проектот, се изнесоа препораки и се споделија корисни информации.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 518
Договорните страни на CEFTA, денес 29.09.2020 година, преку видео-конференциска врска одржаа консултативен состанок за договарање на активностите за дополнително олеснување на движењето на стока, што ќе бидат опфатени со следниот Повеќегодишен акциски план - Регионална економска област 2021-2024 (MAP REA 2021-2024), што во ноември оваа година треба да бидат усвоени на Самитот во Скопје и Софија во рамки на Берлинскиот процес за Западен Балкан.
Со состанокот претседаваше Царинската управа на Република Северна Македонија како претседавач со CEFTA Поткомитетот за царина и потекло. Поддршка во организација дадоа Проектот на USAID за економски развој, владеење и развој на претприемчивост и Програмата за поддршка на олеснувањето на трговијата (TFSP) на Меѓународната финансиска корпорација.
Поздравно обраќање како иницијатор на овој состанок имаше директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски, како и директорот на Секретаријат на CEFTA – Емир Џикиќ, директорот на Проектот на USAID за економски развој, управување и развој на претпријатијата (EDGE) - Јасминка Варналиева и Виолан Конар-Леси, Програма за поддршка на трговското олеснување на IFC ECA.
Преку дискусија се договараа областите на спроведување на реформи и посебните активности што ќе се реализираат во рамки на CEFTA во периодот 2021-2024, за натамошно подобрување на соработката во доменот на трговијата на регионално ниво и намалување на времето и трошоците во трговската размена. Се ревидира сегашниот Повеќегодишен акционен план за Регионална економска област (MAP REA) со констатирање на досегашните остварувања на овој план и предлагање на нови мерки и активности за реформи кои треба да обезбедат инегрирање на регионот во повеќе домени, вклучувајќи го тука и олеснувањето на слободното движење на стока.
Во рамки на состанокот беа опфатени теми со фокус на повеќе области како: одржување на зелените коридори, зајакнати контроли, взаемно признавање (со осврт кон воведувањето на концептот на Овластен економски оператор), управување со ризик, Систем за електронска размена на податоци SEED+, усогласување и соработка со ЕУ (правила за потекло и ОЕО, транспарантност).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 544
Почитувани кандидати,
Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 15-24.09.2020 година се изготвени.