Царинската управа ве известува дека повторно е определен термин за поднесување и доставување на вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, од причина што териминот за полагање кој беше закажан за 20.03.2020 година беше одложен поради пандемијата на КОВИД 19. Сите заинтересирани кандидати кои не ги доставиле своите документи во претходниот термин од 11-17.03.2020 година, а ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат можност тоа да го направат во дополнителниот период кој започнува од утре 05.08.2020 па се до 27.08.2020 година.

EDGE е регионален проект од 3 до 5 години во Европа и Евроазија (Е & Е) кој има за цел да создаде инклузивен, одржлив економски развој и да поддржува интра-регионална и евроатлантска интеграција.

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 27.8.2020 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 15, 17, 22 и 24 септември 2020 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.

 За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.

Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

    Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и

2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 27.08.2020 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:

                                Распоред за претходна обука

Р. Бр.Тема на обукатаДатум
1.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи15. 9.2020
2.

Спроведување на транзитна постапка

15. 9.2020
 3.Царински дозволено постапување или употреба на стока15. 9.2020
 4.Царински постапки17. 9.2020
 5.Изготвување и употреба на царинска декларација17. 9.2020
 6.Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки17. 9.2020
 7.Царинската тарифа22. 9.2020
 8.Потекло на стоките22. 9.2020
9.Даноци, акцизи и даночна политика22. 9.2020
10.

Нетарифни  мерки и мерки на трговска политика

24. 9.2020
11.Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување24. 9.2020
12.Шпедитерско работење24. 9.2020

Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.      

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

28 јули 2020 година: Европската Комисија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој денес започнаа со виртуелен почетен состанок за нов проект „Поддршка на регионалната економска интеграција“ за Западен Балкан и Република Молдавија.

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, техничка стока, додатоци во исхраната, инсектициди, облека и ташни, лекови за животни и фалсификати.

Согласно одредбите од Уредбата со законска сила примена на законот за акцизите, износот на акцизата се менува во зависност од движењето на берзанските цени на нафтените деривати.

Со оглед дека просечната цена на бензините Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan во изминатите 15 дена е поголема од 590USD/ton, износот на акцизата за безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98, се намали за 1 денар.

Согласно наведеното, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 20.07.2020 година, донесе ОДЛУКА број 02-1595/1 за утврдување на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, при што акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи од 21.07.2020 година 00:01 часот, и во наредните 14 дена ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 - 23,692 (денари/литар)
  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 23,692 (денари/литар)

Преку видео конференциска врска денес се одржа информативна сесија на следните теми: 

1.  Поим за непреференцијално и префренцијално потекло

2.  Целосна кумулација на потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА (новина)

3.  Поедноставено докажување на потекло и изјава за потекло на стоки во безхартиена царинска постапка (новина)

Предавањето се организираше со цел да се унапреди конкурентната способност и надворешно трговски капацитет на компании со поддршка на оптимално користење на поттекло на стоки и царинската постапка, како теми кои треба да го забрзаат  и зајакнат учество на интернационални и регионални пазари, како и на домашниот пазар на макдонските компании.

Потребата за обновување и надполнување на знаењето ја иницираше МATTO, на што Царинската управа со задоволство одговори позитивно и ги вклучи како предавачи:

  • г.Златко Ветеровски, Помошник директор на Сектор за царински систем
  • г-ѓа  Лидија Лекоска, Началник на Одделение за царинска тарифа, вредност и  потекло
  • г-ѓа Ирина Нелковска,  Шеф на служба за поттекло

Царинската управа продолжува да ја унапредува својата улога како постојан партнер на деловната заедница, и ќе продолжи да ја врши својата мисија, насочена кон промовирање на економскиот раст и развој на државата.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3

Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба,  („Службен весник на РСМ“ бр.169/2020 од 22.06.2020 година), која стапи на сила веднаш, износот на акциза за обележано гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 се зголеми, и во моментов изнесува 18,121 ден/лит.

Како активности во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, преку видео конференциска врска денеска се одржа ссотанок за договор околу идните мерки и активности за понатамошно олеснување и забрзување на трговијата и прекугрaничниот проток.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за нелегално изнесување на готовински платежни средства од државата, еден обид за криумчарење златни предмети, еден обид за внесување фалсификати и еден обид за криумчарење мигранти.