Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.

Во рамки на Летната програма за посета на најголемите извозници, претставници на Царинската управа предводени од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на 20 јули 2018 година, ја посетија компанијата Алкалоид АД – Скопје.

За економските оператори кои се вклучени во меѓународната трговија правилата за потекло се важни заради неколку причини. Тие можат да влијаат на способноста на економскиот оператор да земе учество на меѓународниот пазар, можат да влијаат врз цената и конкурентноста на производот на меѓународниот пазар, влијаат врз одлуките за тоа каде компаниите да инвестираат и од каде да ги изберат своите добавувачи на суровини и репроматеријали.

Со цел да се информира јавноста вистинито, транспарентно, соодветно и точно ги молиме и повикувам порталите и јавните гласила на точно и правилно информирање во врска со денешниот прекин на сообраќајот на граничниот премин Богородица.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, девизи и облека.

Денес (06.07.2018 година) претставници на Царинската управа на Република Македонија, предводени од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на царинска испостава Ќафасан, одржаа состанок со претставници на Царинската управа на Република Албанија, предводени од директорката г-ѓа Белинда Икономи.

Претставници на Царинската управа учествуваат на  дводневна работилница на која се презентира Национален едношалтерски систем. Работилницата е организирана од страна на Светска банка и се одржува во период од 05-06 јули 2018 година во Скопје.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, диететски суплементи, облека, козметика и фалсификати. 

 

Денес (22.06.2018 година), во Скопје се одржа настан за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори. Настанот го организираше Царинската управа на Република Македонија во соработка со Проектот за УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG).

Во текот на минатите три недели, царинските службеници прoнајдоа 13 мигранти без документи за идентификација и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани воздушни пушки, пригушувачи, оптички нишани и муниција за нив, риби и рибарски мрежи, употребуван погонски мотор за моторцикл, автоделови, цигари, додатоци на сихраната, бижутерија  и фалсификати.
Задржана е следната стока: