Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски ќе учествува во работата на состанокот на министрите за економија што ќе се одржи 05.11.2020 година, како дел од завршната конференциј по повод претседавањето на Република Бугарија и Република Северна Македонија со Берлинскиот процес за Западен Балкан. Тема на состанокот е презентација на постигнатите резултати во рамки на Повеќегодишниот акциски план за Регионална економска област и разгледување на новите ицијативи за заедничка соработка на државите од Западен Балкан, особено во делот на прекуграничната е-трговија.

Изминативе месеци Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички претседаваат со Берлинскиот процес за Западен Балкан во 2020 година. Спроведената иницијатива за заедничкото претседателство со земја членка на ЕУ е позитивен знак за нашата земја, како кандидат за членство во ЕУ со јасно испраќање порака дека сме посветени на регионалната соработка и добрососедските односи и дека одговорно работиме на нашето придвижување кон ЕУ. Царинската управа на Република Северна Македонија како претседавач на ЦЕФТА Поткомитетот за царини и потекло на стоки беше активно вклучена во изработката на новиот Акциски план за Западен Балкан што ќе биде усвоен и претставен на 05.11.2020 година.

Почитувани,

Царинската управа ве известува дека одржа онлајн дополнителни обуки за две групи пријавени учесници, додека обуката за третата група е во тек.

Од 2.11.2020 година (понеделник) започнува дополнителната обука за последната група пријавени учесници (листата на учесници може да ја најдете тука)

Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Бидејќи ова е последна дополнителна обука која се организира во овој период, потребно е оние пријавени учесници кои не се контактирани од одделението за обуки да се пријават на горенаведениот мејл. Доколку не се пријават  ќе се смета дека се откажале од учество на дополнителните обуки.

Заради поголема ефикасност на обуките ги охрабруваме сите пријавени учесници да постават прашања во врска со секојдневното работење. Прашањата може да се достават по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Царинската управа го задржува правото за измена на предложените термини, за што учесниците ќе бидат навремено известени.

Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Светска Банка на 27-28.10.2020 ќе биде домаќин на третата годишна конференција за Едношалтерски систем за размена на податоци на која учество земаат високи претставници од земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои помагаат во спроведувањето на олеснување на трговијата на Западен Балкан. (ОН, Светска Банка, ЦЕФТА и ЕУ)

Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека во период од 26.10.2020 до 09.11.2020 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02, кој можете да го најдете на link.

 

Царинската управа ве известува дека на ден 02.11.2020 година (понеделник) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 10:50 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидати кои:

Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 22/19), Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.44-8422/1 од 09.10.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.243/20), Царинската управа, објавува

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија девет илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, производи за нега на заби и лице, домашна ракија, ароматизиран тутун за наргиле, цигари и автоделови.

Денес на граничниот премин Блаце, на Царинската управа и беше донирана заштитна опрема и техничка опрема од три HP лаптопи преку програмата EXBS на Амбасадата на САД која ќе служи како надоплнување во подобрувањето на капацитетите за системот за контрола за поуспешна борба против недозволената трговија од секаков вид, оружје за масовно уништување и други видови на закани.

Изминатиот период Програмата преку соодветна поддршка во голема мерка придонесе кон подготвеноста за соодветен одговор на можните закани по

безбедноста на државната граница, односно спречувањето на недозволената прекугранична трговија која претставува закана за економските и безбедносните интереси на своите жители.

Директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски истакна дека техничката опременост на граничните премини e од особена важност за успехот во откривачката дејност на еден царински службеник да биде на високо ниво. Како и дека перманентното работење на подобрување на методологиите и способностите значи обезбедување на поголема безбедност и сигурност на границата, но и на личната безбедност на вработените и патниците.


7
2
3
4
5
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

 

Почитувани,

Согласно препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување на јавни масовни собири, Царинската управа ги одложи закажаните дополнителни обуки за царински застапници, што требаа да се одржат во март, април и мај.

Царинската управа ве известува дека продолжува со организирање на онлајн дополнителни обуки за пријавените учесници.

Обуките ќе се одржат според распоред во 3 (три) термини и тоа:

-          Термин 2 - од  19.10.2020 до 22.10.2020

-          Термин 3 - од   26.10.2020 до 29.10.2020 и

-          Термин 4 - од   2.11.2020 до 5.11.2020

Учесниците кои треба да ја посетуваат обуката се наведени во следните листи:

Листа на учесници Термин 2 (планиран за 19, 20, 21 и 22 октомври 2020)

Листа на учесници Термин 3 (планиран за 26, 27, 28 и 29 октомври 2020)

Листа на учесници Термин 4 (планиран за 2, 3, 4 и 5 ноември 2020)

Напоменуваме дека сите учесници ќе бидат контактирани од Одделението за обуки преку електронска пошта (на адресата која е оставена како контакт во Пријавата за дополнителна обука)

Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Заради поголема ефикасност на обуките ги охрабруваме сите пријавени учесници да постават прашања во врска со секојдневното работење. Прашањата може да се достават по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Царинската управа го задржува правото за измена на предложените термини, за што учесниците ќе бидат навремено известени.

Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки.

Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат стручниот испит на ден 15.10.2020 година 

р.б Презиме и имеМесто на раѓањеВреме на полагањелокација
1.АРЛИНД ИСМАИЛИСтруга10:50Просторија1
2.БОРИС МИХАЈЛОВТетово10:50Просторија1
3.ВЕСНА ЃОРГИЕВСКАК.Паланка10:50Просторија1
4.ДАМЈАН СОТИРОВСКИСкопје10:50Просторија1
5.ДАНИЕЛА СПАСОВСКАК.Паланка10:50Просторија1
6.ДАРКО ЈОРДАНОВСКИСкопје10:50Просторија1
7.ДИМИТАР МАТЕСКИГостивар10:50Просторија1
8.ЃОКО РИСТИЌБитола10:50Просторија1
9.ЕЛЕНА ЈАНЕВАСтрумица10:50Просторија1
10.ЕМИЛИЈА РИСТИЌБитола10:50Просторија1
11.ЗОРАН АНТЕВСКИСкопје10:50Просторија1
12.ИВАНА Л. МИЛОСОВСКИСкопје10:50Просторија1
13.ИВО ДАСКАЛОВСкопје10:50Просторија1
14.ЈУЛИЈАНА ЗДРАВКОВСКАКуманово10:50Просторија1
15.ЉУПКА ПЕХЧЕВСКАБерово10:50Просторија1
16.МАРИНА И. ЛАЗАРОВАСкопје13:10Просторија1
17.МАРЈАН ПАЈДАКОВГевгелија13:10Просторија1
18,МАРТИН НИКОЛОВСКИСкопје13:10Просторија1
19,МЕРИ БОШКОВСКАКуманово13:10Просторија1
20,МИТКО ТРАЈАНОВСКИРесен13:10Просторија1
21,НАТАЛИЈА ЈОШЕВАКавадарци13:10Просторија1
22,НАТАЛИЈА РЕНДЕВСКАБитола13:10Просторија1
23,НИНА ДИМИТРИЈЕВИЌКуманово13:10Просторија1
24,САШЕ ЕНДЕКОВСКИБитола13:10Просторија1
25,СВЕТЛАНА МИТРОВСКАСкопје13:10Просторија1
26,СОЊА РИСТЕВСКАОхрид13:10Просторија1
27,СТЕФАН БОШКОВСКИКуманово13:10Просторија1
28,СТЕФАН ДИМОСКИСкопје13:10Просторија1
29,СТЕФАНИ ЃОРГИЕВСКАК.Паланка13:10Просторија1
30,ФРОСИНА ЈАКИМОВСКАСкопје13:10Просторија1

Кандидатите се поделени во две групи заради превенција од ширење на болеста COVID19.

Кандидатите од реден број 1 заклучно со реден број 15 од горе наведениот список  се распоредени во првата група. Полагањето ќе  започне во 10:50 часот и ќе трае се до 12:50 часот.

Кандидатите од реден број 16 заклучно со реден број 30 од горенаведениот список се распоредени во втората група. Полагањето ќе започне во 13:10 часот и ќе трае се до 15:10 часот.

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници,  на секој кандидат,  ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.