- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1149
Националниот координативен центар за гранично управување при Владата на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на превозници Макам Транс Скопје денес, 20 јуни 2019 година потпишаа Меморандумот за соработка чија цел е унапредување на прекуграничното управување и борба со организираниот криминал и корупција.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1413
Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, организира обука за спроведување на увозна постапка со примена на СОЦДАД.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1460
Делегација на Царинската управа на Република Хрватска, предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии, г-дин Хрвоје Човиќ на 12 јуни 2019 година, престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата се одржа работилница и консултации за искуствата на царината на Република Хрватска за процесот на прилагодување и примена на националното царинско законодавство со истото на Европска унија во процесот на пристапувањето кон ЕУ, како и примената поедноставувања во царинската постапка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1305
На 14.06.2019 година, во Охрид заврши двонеделна обука за управување со чамци под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, а наменета за царински и полициски службеници од Северна Македонија, Албанија и Косово.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1127
На 12.06 и 13.06 во хотелот Хилтон се одржа дводневен состанок на Управната група за преземени обврски за безбедност во рамки на Берлинскиот процес. Состанокот го отворија г.Dominik Otway – заменик шеф на мисијата, претставник на British Embassy Skopje, Joanna West – директор на стратегијата за справување со организиран криминал на Министерство за внатрешни работи на Обединетото Кралство и Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2575
Почитувани,
Царинската управа ве известува дека почнувајќи од понеделник, 17 јуни 2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во царинските испостави Куманово и Струмица. Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1116
На 11 јуни 2019 година, директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваше на четвртиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Приштина, Косово.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1498
На 12.06.2019 година во просториите на Царинската управа се одржа работен состанок помеѓу претставници на Царинската управа и заинтересираните учесници во извозната и увозната постапка кои работат со Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1235
Ве информираме дека денес (13.06.2019 година) направена е промена кај дозволите на Агенцијата за лекови и медицински средства (Е041, E050, I040, I041, I050) и Министерството за животна средина и просторно планирање (I020, E025, I025). Оваa промена се реализира на барање на институциите надлежни за нивно издавање.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2032
Почитувани,
Царинската управа ве известува дека почнувајќи од понeделник, 17 јуни 2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во царинските испостави Куманово и Струмица. Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведните царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.