Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 20-28.01.2021 година  се изготвени.

Сите кандидати кои редовно ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на први спрат во Одделението за царински и даночни постапки, соба број 8 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 04.02 до 12.02.2021 година.

Доколку некои од кандидатите не се во можност (од било која причина) да дојдат лично и да го подигнат Уверението за посетена претходна обука,  во тој случај Уверението може во нивно име да ги подигне било кое лице од нив ангажирано, кое лице задолжително мора да се легитимира со лична карта.  

Ако и на ваков начин кандидатите не ќе можат да ги подигнат своите Уверенија, тогаш Царинска управа истите ќе им ги доставени на домашна адреса наведена во пријавата.  

Кандидатите кои нема да можат да ги подигнат Уверенијата на претходните два начина односно сакаат Уверенијата да им бидат доставени по пошта на домашна адреса, должни се со електронска порака да го известат одговорното лице за стручни и административни работи, Весна Петреска на следнава е-меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

На покана на директорот Сугарески, денес Царинската управа ја посети Јавниот обвинител Љубомир Јовески.  На средбата се дискутираше за продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи.

ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/21

за прибирање понуди за склучување договори за:

  1. ЛОТ 1 -избор на економски оператор за имплементација на услуга за електронска наплатана надоместоци и административни такси за потребите на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIMи останатите ИТ системи во Царинската управаи
  2. ЛОТ 2-избор на економски оператор со најповолна понуда за Уплата на готовина во корист на трезорска сметка

I.  ЛОТ 1

Избор на економски оператор за имплементација на  услуга за електронска наплата на надоместоци и административни такси за потребите на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM и останатите ИТ системи во Царинската управа

  1. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
  1. ВОВЕД

Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки (во натамошниот текст: EXIM) е информационен систем, кој е достапен на линкот www.exim.gov.mk и овозможува:

  • електронско поднесување и обработка на барања за издавање на 59 различни типови на дозволи/лиценци кои се потребни за увоз, извоз и транзит на стоки,
  • обработка и евиденција на меѓународните дозволи за превоз на стоки и патници во патниот сообраќај.

Целта на системот е модернизација и поедноставување на меѓународната размена на стоки и воспоставување на единствена база на податоци и хармонизиран систем на размена на податоци меѓу субјектите во јавниот и приватниот сектор во областа на меѓународната размена на стоки.

                                                                        

Во моментов корисници на системот се следниве државни органи:

  1. Министерство за финансии – Царинска управа,
  2. Министерство за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност,
  3. Министерство за економија,
  4.  Министерство за животна средина и просторно планирање,
  5. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  6. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државен инспекторат за земјоделство,
  7. Министерство за здравство,
  8. Министерство за здравство - Државен санитарен и здравствен инспекторат,
  9. Министерство за култура - Управа за заштита на културното наследство,
  10. Министерство за транспорт и врски,
  11. Министерство за транспорт и врски – Државен инспекторат за транспорт,
  12. Агенција за храна и ветеринарство,
  13. Агенција за лекови и медицински средства,
  14. Дирекција за радијациона сигурност.

Покрај корисниците од овие државни органи, EXIM во моментот го користат над 7.000 регистрирани економски оператори од Република Северна Македонија.

Постапката за издавање на електронски дозволи во EXIM го опфаќа процесот на поднесување на електронско барање во системот од корисникот, потоа проверка и обработка на електронското барање од страна на службеното лице во надлежната институција, па преку плаќање на административна такса и надоместок за дозволата од страна на корисникот, до електронско одобрување на поднесеното барање за дозвола од надлежната институција.

На годишно ниво преку системот EXIM се издаваат над 97.000 дозволи. Во вкупниот број на издадени дозволи на годишно ниво, одредени типови на дозволи се застапени во многу поголем обем од останатите типови, односно согласно потребите на корисниците одредени дозволи се издаваат многу пофреквентно од останатите. За да биде одобрено барањето за дозвола корисникот задолжително мора да плати административна такса, а за одредени типови на дозволи и дополнителни надоместоци. Износот на административните такси кои се наплаќаат во моментов се движи од 50,00 до 2050,00 денари по дозвола зависно од типот на дозволата, додека дополнителните надоместоци може да бидат фиксни (на пример во моментов има износи од 610,00, 8.000,00, 24.000,00, 55.000,00 денари) или варијабилни чиј износ се пресметува согласно одредени правилници зависно од видот и количината на стоката. Доколку плаќањето на административните такси и надоместоците за сите издадени дозволи преку EXIM на годишно ниво се прави преку систем за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал) тогаш очекуваниот број на реализирани трансакции е преку 180.000. Напоменуваме дека и по воведувањето на системот за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал) во EXIM на корисниците ќе им биде овозможено да изберат дали ќе го користат досегашниот начин на плаќање или ќе платат електронски.

  1. ОПИС

Обезбедување на услуга за електронско плаќање за крајните корисници на EXIM преку виртуелен РОЅ терминал со безготовински платежни картички. Карактеристики на системот за електронско плаќање (виртуелен ПОС терминал):

  • Да овозможува плаќање во реално време за физички и правни лица со било која безготовинска дебитна или кредитна картичка од типовите MasterCard и Visa.
  • Да овозможи проследување на информација за успешноста на трансакцијата во реално време до EXIM системот.
  • Да овозможи пренесување на основните трансакциски податоци во реално време од EXIM кон системот на Банката, и тоа
    • Референтен број на дозвола од EXIM;
    • Износ на трансакција (административна такса или надоместок за дозволата со пресметана провизија);
    • Детали за платежните налози: За секоја успешна трансакција, EXIM проследува податоци до Банката во реално време, за генерирање на налог.
  • Извршените уплати и соодветните пренесени дополнителни информации банката да ги реализира првиот следен работен ден (на почетокот на работниот ден) од денот на реализација на електронската трансакцијата.
  • Провизијата за користењето на услугата:
    • е на товар на корисникот на EXIM и висината на истата ќе му биде јасно прикажана во износ;
    • ќе биде пресметана од EXIM; и  
    • ќе биде вклучена во износот на трансакцијата која ќе се проследи во основните трансакциски податоци.
  • При реализација на налогот Банката треба за износот на провизијата да го намали износот на уплатата и во налогот да го уплати износот без провизијата и така да го проследи.
  • Електронската услуга на EXIM се смета за платена кога Платежниот процесор ќе испрати потврда за успешно плаќање. По проследувањето на налогот/ налозите, потребно е банката да го извести EXIM за успешноста на трансакција.
  • Банката не смее да наплаќа дополнителни трошоци.
  • Сметките на кои се ќе се вршат уплатите се трезорски сметки.
  • Банката е должна услугите што се предмет на набавката да ги овозможува 24/7.
  • Банката е должна да обезбеди сервисирање и одржување на услугата при што времето на реакција и отстранување на проблемот во врска со техничкото одржување е најмногу 12 часа, освен во случаи на:
    • Најавен прекин од страна на Visa и Master card.
    • Најавен прекин поради вршење на редовно одржување и надградби на процесинг центарот.
    • Во случај на виша сила.

Еднократен надомест за приклучување во мрежата на Mastercard и VISA: 0,00 денари.

Месечен надомест за користење на сервисот: 0,00 денари.

Банката услугата да ја врши со прифаќање на сите VISA и MasterCard картички домашни и странски.

Банката гарантира дека за сите трансакции за кои платежниот процесор пратил информација до EXIM дека се успешни, плаќањата кон јавните институции ќе се извршат првиот следен работен ден (на почетокот на работниот ден) од денот на реализација на електронската трансакцијата.

  1. ФУНКЦИИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД БАНКАТА

1. Платежен процесор (Payment processor), кој прифаќа дебитни или кредитни картички од типовите MasterCard и Visa.

  • Заштитена веб страница (payment gateway), кон која се пренасочува корисникот на EXIM да ги внесе сите податоци од платежната картичка неопходни за вршење на плаќањето.
  • Платежниот процесор треба до EXIM да го врати статусот на платежната трансакција, односно дали трансакцијата е успешна или неуспешна.

2. Преземање на детали за плаќањата кон јавните институции.

  • По секоја успешна трансакција, EXIM до Банката во реално време испраќа детали за плаќањата кон јавните институции. Креирање на понатамошните налози се врши според овие податоци.
  • Банката ги чува добиените информации за сите трансакции, вклучувајќи референтен број на лиценца, износ, како и детали за сметките за секоја трансакција.
  • Банката да врати информација до EXIM по секое успешно прифаќање и запис на уплати од EXIM.

3. Подготовка на налози.

  • Консолидирање на сите непроцесирани трансакции од претходниот период (периодот од последното барање од претходниот работен ден).

4. Процесирање на веќе подготвените налози преку платните системи на РСМ.

  1. ПРОЦЕС НА ПЛАЌАЊЕ
  2. EXIM ги пренасочува корисниците кон заштитенa веб страница за електронско плаќање (payment gateway)
    1. EXIM до платежниот процесор испраќа информации за трансакциите, референтен број на лиценца и износ (во кој е вклучена банкарската провизија)
    2. Корисникот на EXIM ги внесува податоците од платежната картичка за плаќање
    3. Платежниот процесор до EXIM враќа информација за статусот (успешноста) на плаќањето во која е вклучен и референтниот број на лиценцата, износот и бројот на трансакцијата.              
    4. Корисникот се пренасочува кон веб-локација од EXIM која дава порака за успешна или неуспешна трансакција.
    5. Во случај на успешна трансакција, EXIM до Банката доставува детали за плаќањето.
    6. Банката треба да ги процесира деталите за плаќањето и да генерира платежни налози.
    7. При испраќање на листа од сите успешни трансакции до банката од страна на платежниот процесор, истата ќе ги содржи и референтните броеви на дозволите EXIM.
    8. Банката ги процесира успешните трансакции и ги проверува добиените детали за плаќањето од EXIM, и доколку истите се успешно доставени, го продолжува процесот.
    9. Банката ги процесира платежните трансакции преку платните системи.
    10. Банката креира извештај за платежните трансакции и го испраќа до EXIM. Извештајот служи за ускладување и проверка дали сите успешни трансакции од претходниот ден се успешно завршени.
  1. ОСТАНАТИ УСЛУГИ

Обезбедување на услуга за електронско плаќање за крајните корисници на останатите ИТ системи на Царинската управа преку виртуелен РОЅ терминал со безготовински платежни картички

На барање и по добиен налог од Царинската управа, а согласно потребите на Царинската управа, Банката треба да обезбеди систем за електронско плаќање за останатите ИТ системи на Царинската управа чии што карактеристики, функции и процес на плаќање ќе бидат исти како електронскиот систем обезбеден за потребите на EXIM системот. Деталите во однос на податоците кои ќе се разменуваат помеѓу ИТ системот на Царинска управа и платежниот процесор ќе бидат дополнително утврдени согласно потребите на конкретниот систем и постапката.

  1. МИНИМУМ КРИТЕРИУМИ за утврдување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор согласно видот на набавката

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  1. Способност за вршење професионална дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот

При утврдување на способноста за вршење на професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно закон кои се однесуваат на предметот на набавка

-        Дозвола за работа издадена од Гувернерот на НБРМ согласно член 3 и член 16 од Закон за банките (Сл. весник на РМ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15. 190/16 и 7/19 и „Сл. весник на РСМ бр.101/19). Копијата треба да има потврда за веродостојаност „Верно на оригиналот„ со потпис и печат на одговорното лице на понудувачот.

  1. Техничка или професионална способност

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве услови:

-          Да е лиценциран за нудење на услугата за електронско плаќање со платежни картички од системот VISA и Mastercard од корисниците на ИТ системите на Царинска управа за вршење на услугата (e-commerce), што го докажува со доставување на доказ за обезбедени лиценци за нудење на услугата за електронско плаќање со платежни картички од системот VISA и Mastercard.

-          Да поседува сертификат за безбедносни програми за обезбедување на максимална сигурност и безбедност на трансакции со картички, што го докажува со доставување на сертификатот.

-          Во последните 3 (три) години да има искуство од квалитетно извршени услуги како предметот на набавка, што го докажува со доставување на листа на главни испораки извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на најмалку 1 (една) потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки.

-          Да има воспоставена техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор и мерки за осигурување на квалитетот на услугата со обезбедена  24 часовна техничка поддршка, што го докажува со доставување на опис и изјава за техничка опременост и оспособеност и мерки за осигурување на квалитет.

-          Да располага со технички персонал (вработени или ангажирани кај економскиот оператор) кој ќе биде задолжен за реализација на услугите - предмет на набавка, што го докажува со доставување на изјава за ангажиран технички персонал.

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериум за доделување на договорот е најниска цена, односно за најповолен понудувач ќе биде избран понудувачот кој ќе понуди најнизок фиксен износ на провизија (изразена во денари) по извршена трансакција. 

  1. ЛОТ 2

Избор на економски оператор со најповолна понуда за Уплата на готовина во корист на трезорска сметка

  1. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
  1. ВОВЕД

Царинската управа на Република Северна Македонија, на терминалите на граничните премини наплаќа терминална такса (дел и во готовина) и има обврска истата како дневен промет да ја уплати во корист на трезорска сметка.

За  да се овозможи уплата на дневниот промет се објавува  јавниот повик за избор на економски оператор со најповолна понуда за уплата на готовина во корист на трезорска сметка

1.2 ОПИС

Обезбедувањето на услугата уплата на готовина во корист на трезорска сметка од економски оператор значи:

  • Да овозможи уплата на дневниот промет во експозитури во градови во РСМ Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија, Струга
  • Да овозможи плаќање на провизијата со фактура

1.3 Минимални критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор согласно видот на набавката:

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

-          за да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик

-          Да има организациони единици во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија и Струга каде ќе се овозможи уплата на дневниот промет ( да достави во прилог оверена листа на организациони единици од каде ќе може да се види дека го исполнува овој услов)

1.4    Критериуми за доделување на договорот

Критериум за доделување на договорот е економски најповолната понуда.

 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:

-          уплата на дневниот промет во експозитури во градови во РСМ Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Делчево, Гевгелија и Струга (изразена во проценти) 50 бодови

-          најниска понудена цена - најмала провизија 25 бодови

Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена - најмала провизија. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:

Број на бодови=најниска  провизија .максимален број бодови
провизија

-          можност цената на услугата (провизијата) да биде платена со фактура 25 бодови

  1. Рок за доставување на понудите

Рокот за доставување понуди за лот 1 и лот 2  е четиринаесет  (14) дена од денот на објавување во дневни весници и интернет страна на Царинска управа, односно до 16.02.2021 година.

Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок, нема да се земат за разгледување.

 За понудите кои нема да ги содржат сите потребни документи или сите потполни документи, Комисијата ќе побара дополнително појаснување или доставување на  документите во рок кој ќе го одреди.

Понудата понудувачот е должен да ја достави на следнава адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

(со назнака”за јавен повик број 01/21” ЛОТ 1 или ЛОТ 2)

Ул. Лазар Личеноски бр. 13

1000 Скопје

  1. Административни работи за јавниот повик

Постапката за Јавниот повик ќе ја спроведе Комисија за избор на економски најповолни понуди за лот 1 и лот 2.

Дел од текстот на Јавниот повик ќе се објави во еден дневен весник кој излегува на македонски јазик и еден дневен весник кој излегува на албански јазик, и како интегрален текст ќе биде објавен на интернет страната на Царинска управа на РМ www. customs.gov.mk.

Понуда за учество на јавен повик

Кучињата трагачи денес беа во посета на Царинската управа заедно со своите водачи.

5те кучиња Џери, Барон, Пимбо, Арон и Раф се дел од Царинската управа уште од 2000та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици. Имаат учествувано во повеќе акции од кои 90% се успешно реализирани.

Оваа година Џери ќе биде пензиониран, а на службата за мобилни тимови на Царинската управа ќе им се придружат 4 нови кучиња како донација од Германија. Овие кучиња од 9 месечна возраст се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци.  

Директорот на Царинската управа и претставници од секторот за контрола и истраги ја истакнаа својата поддршка кон царинските службеници од мобилниот тим кои се одговорни за кучињата трагачи. Оваа единица во Царинската управа е од особена важност во борбата против криминалните активности и прекршоци.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Целта на средбата беше унапредување на соработката и на процесите кои Царинската управа ги има со сите институции со кои по надлежност соработува.

Заедничките активности и начинот на соработка, соработката на гранични премини и долж граничната линија, контролата на прекуграничниот сообраќај, контрола со едно застанување, соработката за спречување и борба против криминални активности и прекршоци, беа тема на денешниот состанок меѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.

“Досегашната добра меѓуинституционална соработка ќе продолжи и понатаму во однос на идните начини за ефикасно преземање на непосредни заеднички активности за заштита на државната граница на Република Северна Македонија, зајакнување на активностите за борба против корупција, спречување и откривање на организиран и други видови криминал, олеснување и забрзување на движењето на стока и патници и поефикасно искористувње на расположивите ресурси” истакна Сугарески.

Министерот ја аргументираше борбата против криминалот и корупцијата со создавањето на Националниот центар за борба против корупцијата со седиште во МВР, во кој учестуваат сите институции кои имаат надлежности на прогон и истрага за борба против корупцијата, во кој, секако, спаѓа и Царинската управа.

„Нашите институции, кои се позиционирани ‘рамо до рамо’ во своите надлежности и законски обврски во борбата против корупцијата и организираниот криминал, мора интензивно да продолжат со активностите, а резултатите на таа борба ќе бидат резултати на нашата држава во целост“, истакна министерот Спасовски.

Во однос на сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал беше посочено дека Министерството и Царинската управа ќе продолжат со креирање на модерни решенија и техника од кои е исклучен човечкиот фактор, како што е планираното опремување на сите гранични премини за полицијата и царината, со т.н.„боди камери“ и софтверско решение преку кое ќе се надгледува работата и на службениците.

Заеднички и од двете страни се потенцираше дека за успешна борба со организираниот криминал и корупцијата е потребна посилна соработка со Јавното обвинителство, која се очекува да достигне повисоко ниво.

На состанокот се разгледа и прогресот на шест големи идни проекти на постојана соработка меѓу МВР и Царинската управа, со цел нивна континуирана успешна имплементација. 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3

Денес 29.01.2021 година, директорот на Царинската управа, Горан Сугарески беше во посета на Царинарница Гевгелија. Целта на оваа посета беше Директорот да се запознае со капацитетите на Царинарницата, на граничниот премин Богородица и царинската испостава Гевгелија - стоков промет и да се запознае со тековните и планирани проекти.

Директорот Сугарески оствари средба со шефовите на царинските испостави и царинските службеници од сите испостави од Царинарница Гевгелија и со Управничката Тања Илијоска.

 

 

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Царинската управа на Република Северна Македонија и оваа година се вклучи во одбележувањето на 26-ти јануари, Меѓународниот ден на царината. Oвој пат, за разлика од останатите, овој ден e посветен на здружените напори на Царината насочени кон излез од кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19 и поддршка на луѓето и бизнисите преку зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, поблиска соработка, искористување на технологијата и ставање на „луѓето“ во центарот на процесот на трансформација под слоганот „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување “.

Поаѓајќи од сите напори кои во текот на оваа исклучително тешка година беа превземени од царинските службеници како и од повеќе правни субјекти кои и излегоа во пресрет на Царината,  Царинската управа одлучи оваа година пофалниците од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микуријa, за посебни заслуги, под наведеното мото „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување“ да ги додели на царинските службеници, институциите и организациите,  кои со своите активности се издвоија како заслужни во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19.

Директорот на Царинската управа м-р Горан Сугарески официјално додели пофалници на следните институции и лица:

 

  • Царинска испостава Ќафасан 5071- за постигнати добри резултати во тековното работење, во  текот на 2020 година, во услови на КОВИД 19,  на полето на откривачки дејствија изготвенизаписници за Царински прекршоци  и имплементирање на проектот за Зелени коридори.
  • Витаминка А.Д Прилеп, компанија која успешно го доби статусот на Овластен Економски Оператор во 2020 година, (Царински поедноставувања,безбедност и сигурност)
  • Ултра, за ургентен развој на Модулот Ковиди
  • Управителот на компаниите Викторија Шпед и Фалкон Логистик - Џино Шкриељ, кои во своите активности и организација на работа,  се издвојуваат во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата Covid-19, во особено отежната услови на работење, со воведувањење на сменско работење и максимални мерки на заштита на вработените и на клиентите, обезбедувајќи непречен проток  на стоки, достава на пратки до врата со цел  да се спречи ширењето на вирусот  и воведување на  paperless  работење во услови на кризата со Covid-19.
  • Огнен Наумов и Валдет Адеми – за активно и посветено работење на имплементација на сите забрани и ограничувања за спречување со пандемијата, вградување на забрани и ограничувања за извоз, имплентација на низа надворешно- трговски мерки за спречување на пандемијата, но и имплементирање и на одредбите на Законот за оданочување на моторни возила и Законот за регистрација на странски возила.
  • Ѓорѓи Наумовски и Офелија Бајо – за активно работење на имплементација на дигитални решенија за Е-царина и безхартиена царинска околина, како средство за непречено движење на стоките преку граница
  • Лидија Лекоска и Ирина Нелковска – за активно и дополнително учествување во преговорите за Договорот за слободна трговија со Обединотот Кралство, транзициони правила за потекло со ЕУ, Брегзит, со цел непречено одвивање на трговијата
  • Зорица Ашиковска и Јане Саздов - За имплементација на модулот Ковид во ЕХИМ
  • Здравко Велјановски - за навремена имплментација и поддршка на корисниците за примена на видеоконференциските алатки  Webex и Teams
  • Александра Илиевска Мишковска и Беким Хазири – за воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежнати услови на работење
  • Маја Димчева и Љупчо Чингоски – кои се истакнаа со своите активности и организација на работа во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежната услови на работење.
  • Илија Јаноски - за успешно предводење и учество во активностите на Одделението за меѓународна соработка. Изминатава година  е постигнат исклучителен успех во интерес на Царинската управа, во сите области на делување на Одделението: зајакната соработка на меѓународно ниво, планирање и изработка на документација за проекти од ИПА 3 фонд, координација за непречена и навремена реализација на тековните проекти, навремени реакции за обезбедување на превод и кореспонденција со сите служби на меѓународно ниво, прибирање на податоци и изработка на потребните извештаи до ЕУ.
  • 1_DSC_0096
    1_DSC_0096
    2.1
    2.1
    3_DSC_0028
    3_DSC_0028
    4.1
    4.1
    5_DSC_0034
    5_DSC_0034
    6.1
    6.1
    7.1
    7.1
    8_DSC_0040
    8_DSC_0040
    9.1
    9.1
    10.1
    10.1
    11.1
    11.1
    12_DSC_0106
    12_DSC_0106
    13.1
    13.1
    14_DSC_0008
    14_DSC_0008
    15_DSC_0094
    15_DSC_0094
    DSC_9987
    DSC_9987
    DSC_0098
    DSC_0098
    DSC_0002
    DSC_0002
    Previous Next Play Pause
    1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18

Царинската управа на Република Северна Македонија Ве известува дека од 23.01.2021 година, престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба (Сл. Весник бр.86/20,105/20,125/20 и 169/20), што значи дека ќе се применуваат во потполност одредбите на Законот за акцизите.

Заради истекување на важноста на Уредбата,настанати се измени во структурата на највисоките малопродажни цени на нафтени деривати и горива за траспорт. Од таа причина, Регулаторната комисија за енергетика донесе измена на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива зџа транспорт, која ја објавуваме во прилог.

             Опис на стока

  Износ на акциза

        Валута Единица мерка

Моторен бензин

ЕУРОСУПЕР БС 95

21,786

денари

 

литар

Моторен бензин

ЕУРОСУПЕР БС 98

21,874денарилитар

Дизел гориво

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е-V)

 

15,482денарилитар

Масло за горење

Екстра Лесно (EL-1)

 

6,157денарилитар

Мазут M-1 HC

 

0,100денарикилограм

                                                      

Директорот на Царинската управа, г-дин Горан Сугарески, денес одржа работна средба со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски. На средбата се дискутираше за идната соработка во однос на борба против корупцијата.

Денес во просториите на Царинската управа на Република Северна Македонија се одржа протоколарна средба меѓу директорот на Царинската управа, г-дин Горан Сугарески со г-ѓа Ема Харпер, претставник на Британската Амбасада во Скопје.