На граничниот премин Деве Баир царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 4 килограми марихуанa.

На 7 декември 2016 година, околу 20:00 часот на излез од Македонија на граничниот премин Деве Баир пристигнал автомобил со бугарски регистарски ознаки управуван од лицето  З.Ј. (53) косовски државјани. При прегледот на возилото, од долната страна во пределот на резервоарот за гориво, царинските инспектори забележале дека  нешто е преправано.  

9122016Marihuana

При контрола на внатрешноста на резервоарот, покрај горивото биле пронајдени и 20 вакумирани проѕирни кеси наполнети со наркотична дрога марихуана, со тежина од 4 килограми. Во разговор со осомничениот, утврдено е дека со патничкото возило со бугарски регистарски ознаки, кое не е негова сопственост, се упатил од Бугарија преку Косово кон Албанија каде била натоварена дрогата, со намера да ја пренесе во Истанбул - Турција. 

9122016Marihuana1 copy

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство .