vesti

На ГП Табановце, полициски и царински службеници спречија обид за шверц на 580 грама кокаин.

 

На 20.08.2016 година на ГП Табановце за излез од  Македонија се пријавил  автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена. Автобусот бил селектиран за детална контрола од страна на полициските и царинските службеници. При прегледот, на едно од седиштата пронајдена е патничка торба во која имало полиетиленско пакување со прашкаста материја. Пронајдената прашкаста материја е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина од 580 грама.

По преземените мерки и активности од страна на МВР, утврдено е дека патничката торба е сопственост на лицето М.А.(73) од Гостивар. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’  поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.