Денес на граничниот премин Табановце, Царинската управа и директорката Славица Кутиров, беше домаќин на работна посета на Министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија Благој Бочварски, Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија Томислав Момировиќ и директорот на Меѓународната транспортна заедница Матеј Законшјек.

На работната посета се дискутираше за соработката помеѓу двете земји во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во насока на олеснување на трговијата во регионот, заеднички инфраструктурни проекти и забрзување на протокот на стока и патници. 

Во рамки на Отворен Балкан, во 2019 година на овој граничен премин воспоставен е концептот One Stop Shop помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија и во координација со Владата на Република Северна Македонија, надлежните министерства и другите владини институции - денес на овој граничен премин целосно функционира концептот на едно застанување.

 

„Со реконструкцијата и новопоставените кабини и рампи, покрај подобрување на условите за работа, се постигнува и дополнително забрзување на процедурите, пред се при пасошката проверка, бидејќи новата поставеност на кабините е таква (и за патнички и за товарни возила), да овозможува истовремено работење на граничните полициски службеници од двете држави, што дополнително ќе влијае на забрзување на протокот на патнички и товарни возила, кое е особено важно во тек на туристичката сезона“, изјави директорката Кутиров.
 
На граничниот премин Табановце функционираат 5 ленти за патнички, 2 за товарни возила и една за автобуси, а се работи на прилагодување на уште две ленти за влез на патнички моторни возила, со што значително ќе се забрза протокот на патниците кои поминуваат преку овој граничен премин. За сите увозници, извозници, транспортeри и други учесници во царинската постапка од трите земји од Отворен Балкан, како и за економските оператори иматели на ОЕО одобренија и стоки од Зелените коридори, на граничните премини Табановце и Ќафасан од март 2022, поставени се табли за зелени (приоритетни) ленти.
 

Директорката Кутиров информираше дека Царинската управа ги разгледува можностите граничниот премин Пелинце, кој во моментот се користи само за патнички промет, да се актуелизира како алтернативен премин за патниците првенствено од Северна Македонија и Србија, во насока на забрзување и намалување на времето за чекање на граница.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7