Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров, се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер.

Кралството Холандија е долгогодишен поддржувач на процесите на модернизација и дигитализација на царинското работење. Соработката со Кралството Холандија, во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација потпишан помеѓу Република Северна Македонија и Европска унија, преку повеќе проекти придонесе за подобрување на царинските постапки, олеснување на трговијата и ефикасна наплата на приходите, како и воспоставување на структура за адекватна заштита на правата на интелектуална сопственост.

 
Директорката Кутиров го истакна напредокот што Царинската управа го постигна во изминатиот период, со посебен осврт на развојот на информатичките системи и зголемената регионална и меѓународна соработка со цел олеснување на сите царински процеси. Беше истакнат успешно реализираниот проект спроведен од холандска организација за интернационализација во образованието - НУФИК, преку кој се изработија видео информативни и едукативни материјали за клучните аспекти на олеснувањето на трговијата на теми: распоредување на стока според царинската тарифа, определување на вредноста на стоката за царински потреби, правила за потекло на стоките, инкотерм и наплата на приходи.
 
На средбата, заменик амбасадорот Роберт Декер ја потврди поддршката и изрази интерес за продолжување и проширување на соработката за царинските прашања на сите нивоа и во иднина.
1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5