Денес инспекторите од Одделението за истраги, Одделението за разузнавање и мобилните тимови од Царинската управа, открија поголема количина на сецкан тутун за пушење за кој не се платени акцизни и други увозни давачки. Претресот е извршен на две локации во скопскиот регион, по издадена наредба од судија на претходна постапка.

Во акцијата се пронајдени и запленети околу 500 килограми сецкан тутун за пушење спакован во најлонски кеси со различна големина, картонска амбалажа за изработка на кутии за тутун, филтер хартија за цигари и 1 машина за пакување на сецкан тутун.

По обезбедување на потребните докази и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничените.

     

420072022asfas
520072022sadasd
620072022qweqw
720072022aSas
220720225456
3200720224548
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6