Денес беше презентиран документот Проценка на закани од сериозен и организиран криминал - СОКТА 2021, на официјален настан во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, односно Бирото за јавна безбедност, и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот присуствуваше директорката на Царинската управа Славица Кутиров, заедно со претставник кој учествуваше во активностите на работниот тим за изработка на овој документ.

Проценката е изготвена од страна на работен тим, во кој покрај аналитичари од Бирото за јавна безбедност, активно партиципираа и претставници од Царинската Управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Државниот инспекторат за животна средина и содржи широка разузнавачка слика и систематски ги идентификува заканите од организираниот и сериозен криминал во државава. Донесувањето на СОКТА 2021 оди во насока на продолжување на циклусот на политики за организиран и сериозен криминал кои се прифатени и поддржани од страна на Европол и како таква треба да се користи како управувачка алатка за успешно креирање на стратешките цели, градење на националните стратегии и утврдувањето на приоритетите за спречување на криминалот од овој домен. Борбата против нелегалната трговија и криминалот е една од приоритетните задачи на Царинската управа, како дел од стратешкиот приоритет за заштита на општеството и подобрување на безбедноста на границите, во насока на олеснување на меѓународната трговија.

 

   

30062022asdasd
30062022isfjasdk
30062022naslov
30062022445
3006202245448da
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5