Директорката на Царинската управа денес во Охрид присуствуваше на централниот настан на самитот „Отворен Балкан“ – иницијатива за соработка помеѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, која е препознаена од граѓаните, компаниите и институциите,  како концепт со видливи конкретни резултати.

Заедно со претставниците од другите земји, директорката Кутиров имаше можност на маргините на Самитот да разговара за понатамошната меѓуинституционална соработка, во насока на продолжување на активностите за воведување на заеднички контроли на границите, взаемно признавање на компаниите со статус на Овластен економски оператор, Зелените коридори и размената на сертификати преку проектот SEED+. Воведените Зелени ленти за транспортни возила на граничните премини Ќафасан и Табановце овозможуваат значително побрз проток на стока помеѓу земјите од Отворен Балкан. Концептот ONE STOP SHOP успешно функционира на граничниот премин Табановце со Република Србија и се очекува наскоро да биде воспоставен и со Република Албанија.

Отворен Балкан веќе дава резултати за граѓаните и за бизнис заедницата. Со постојана комуникација се зголемува довербата меѓу институциите на трите држави, а со тоа се надминуваат меѓуграничните бариери и се олеснува трговијата во регионот.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4