Директорката на Царинската управа Славица Кутиров, учествуваше на работниот состанок за имплементација на Договорот за соработка во областа на ветеринарната, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните, кој се одржа вчера во Охрид, во рамки на дводневниот самит на Отворен Балкан.

Работниот состанок го водеше министерот за земјоделие на Република Северна Македонија Љупчо Николовски, а присуствуваа и министрите од  Република Албанија - Фрида Крифца и Република Србија - Бранислав Недимовиќ, како и претставници од националните агенции за безбедност на храната и царинските и даночните управи од трите земји.

На состанок се разговараше за забрзување на процесот за усогласување на ветеринарните сертификати помеѓу трите држави од Отворен Балкан. 

Директорката Кутиров во своето излагање информираше за активностите кои ги презема Царинската управа во рамките на Отворен балкан, и ги истакна продобивките од оваа иницијатива во насока на забрзување на протокот на стоки во меѓународниот синџир на снабдување. Зелените коридори на граничните премини за земјите од Отворен Балкан веќе функционираат, што претставува големо олеснување за економските оператори во постапките за увоз и извоз. Во фокусот на идните активности е имплементација на проектот SEED + и системот за размена на сертификати помеѓу земјите членки на Отворен Балкан, како заедничка активност на царината и граничните инспекциски служби.

    

   

 

08062022naslov
108062022123
2080620224789
Previous Next Play Pause
1 2 3