Минатата недела во Белград, претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваа на регионален состанок на земјите членки на ЦЕФТА, во организација на Цефта Секретаријатот и Германското друштвото за меѓународна соработка GIZ (Deutsche Gesellschaft fürInternationale Zusammenarbeit GmbH).

Главни теми на дискусија за време на работните средби беа: стратегијата за ризик во царинските постапки, како и основите за отпочнување на Пилот проектот во рамки на “SEED +” за размена на фитосанитарните сертификати помеѓу фитосанитарните управи на земјите членки на ЦЕФТА.

Разгледана беше и предлог Oдлуката за воспоставување на електронски систем за олеснување на заедничкото управување со ризици во трговијата со стока, со која се предвидува воспоставување на база на податоци за утврдени царински неправилности и прекршоци, размена на податоци за заедничките профили на ризик, систем за брзо алармирање, како и размена на податоци за резултати од извршените контроли помеѓу царинските органи на ЦЕФТА страните. 

 Во рамки на состанокот беа усогласени основните насоки за започнување на Пилот - проектот за размена на фитосанитарните сертификати помеѓу ЦЕФТА земјите, преку користењето на европската платформа TRACES NT. Пилот проектот ќе започне на 4 јули оваа година и ќе трае два месеци. Во подготвителните активности на истиот, во период од 13 до 17 јуни, тимот за имплементација на платформата SEED+ ќе ги посети ЦЕФТА земјите каде ќе се презентираат процедурите и постапките со цел сите инволвирани страни да се подготват и подетално да се запознаат со проектот.

    

   

2060620224545
3060620224545
40606202274878
naslov060620224545
Previous Next Play Pause
1 2 3 4