Вчера во Скопје се одржа настан со цел презентирање на придобивките и постигнатите досегашни резултати од твининг проектот, на кој поздравно обраќање имаа амбасадорот на Република Хрватска-Нивес Тигањ, и амбасадорот на Република Австрија-Георг Вуцас, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија-Штефен Худолин, и заменик министерот за финансии-Филип Николоски. 

Преку панел дискусија помеѓу директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија – Славица Кутиров и Хрватска – Марио Демировиќ, директорката на Управата за јавни приходи - Сања Лукаревска, регионалниот директор на даночна управа на Австрија - Лорант Бакс, и  заменик директорот на Царинската управа на Австрија - Андреа Ројтер, беа истакнати придобивките за институциите од проектот. 

Подобрување и примена на даночното и царинското законодавство во согласност со законодавството на Европската Унија и најдобрите практики, е главната цел на овој проект финансиран од Европската Унија, имплементиран од царинските и даночните управи на Австрија и Хрватска. 

„Овој проект ги обедини напорите на Министерството за финансии и двете главни институции за наплата на приходите: Царинската управа и Управата за јавни приходи како корисници, заеднички да ги дефинираат нивните потреби, да ги идентификуваат полињата на интервенција и преку постојаната комуникација и соработка успешно ги спроведуваат активностите. До денес, 426 учесници од Царинската управа учествуваа во вкупно 48 работилници, во кои имаа можност да добијат помош од бројни истакнати експерти од ЕУ за реализација на Акциониот план на Царинската управа: подготовка на ИКТ стратегија и акциски план вклучувајќи ги главните проекти за дигитализација, понатамошно усогласување на царинското и акцизното законодавство со ЕУ, подготовка на процедури за царинска контрола и управување со ризик, подготовка на технички спецификации за важни системи на ЕУ, имплементација на стандарди за загадување и оданочување на моторни возила, како и унапредување на управувањето со јавните финансии“  – истакна директорката Кутиров.

Соработката продолжува и во следниот период, во насока на развој во сите аспекти на царинското работење. 

    

3030620224445
7030620225115
203062022478648
403062022484548
503062022454854
603062022454415
803062022451215
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7