Денес во Царинската управа се одржа состанок со високи претставници од тимот на Светска Банка, во врска со имплементацијата на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Проектот финансиран со заем од Светска банка опфаќа три компоненти и тоа: воведување на нов Национален едношалтерски систем, модернизација и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и воспоставување на нов Систем за видеонадзор.

Царинската управа како водечка институција за имплементација на Национален едношалтерски систем, заедно со агенциите и инспекциските служби учесници во царинските постапки, ќе добијат хармонизирани процеси за обработка на дозволите од прекуграничниот проток на стоки. Со тоа  ќе се овозможи понатамошно забрзување на прекуграничната трговија согласно стандардите и практиките на земјите од Европска унија.

Надградбата на граничниот премин Ќафасан ќе овозможи побрзо завршување на царинските формалности, кое ги вклучува и постапувањето на релевантните инспекциски служби на граница. На граничниот премин Деве Баир, покрај управната зграда ќе се реконструира и пристапниот пат до терминалот за тешки возила со цел непречено користење во зимски услови.  Планирана е и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова колска вага.

Преку новиот Систем за видео надзор, со примена на опрема базирана на најсовремени технологии, ќе се овозможи интеграција со царинските информатички системи. Овој систем ќе биде значајна алатка при спроведување на надлежностите за сузбивање на недозволената трговија, шверц и корупција на царинските испостави, пред се на граничните премини.

218052022
318052022
418052022
Previous Next Play Pause
1 2 3