Денес се одржа работилница на тема „Подобрување на економската и царинска соработка во време на криза“, во организација на Kанцеларијата за економски и трговски прашања на Амбасадата на Грција во Скопје, во соработка со Царинската управа. На работилницата беа поканети и претставници од бизнис секторот од Република Северна Македонија и Република Грција, како и земјите од регионот.

Поздравно обраќање имаа заменик претседателот на Владата г-дин Фатмир Битиќи, директорката на Царинската управа на Република Северна Македонија Славица Кутиров и директорот на Царинската управа на Република Грција Константидос Муртидис.

Директoрката Кутиров во своето обраќање посочи дека во 2021 година Царинската управа заедно со други институции работеше на ублажување на последиците од пандемијата COVID-19, преку усвојување на мерки и активности во своите надлежности со цел олеснување на протокот и подобрување на безбедноста во глобалниот синџир на снабдување. Таа ја истакна одличната соработка со Царинската управа на Грција на различни нивоа, вклучително и блиската соработка со генералниот директор Константинос Муртидис. Директорката информираше дека заеднички се работи на продлабочување на соработката од аспект на проширување на Зелените коридори, кои што веќе функционираат меѓу земјите од регионот, како и воведување на концептот „One stop shop”.

За време на работилницата се дискутираше за нови можности за трговија и инвестирање во Република Северна Македонија, олеснување на трговијата и намалување на трошоците, како и привлекување на нови инвестиции.

Претставници од Царинската управа ги презентираа иницијативите кои царината постојано ги спроведува со цел да им помогне на економските оператори и инвеститорите преку поедноставени царински процедури, локално царинење, концептот на Овластен економски оператор, како и новите олеснителни правила на потекло и понатамошна дигитализација.

1-1
1-1
2-2
2-2
3-3
3-3
4-4
4-4
5-5
5-5
6-6
6-6
7-7
7-7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7