Вчера во употреба беа пуштени нови работни простории на Царинската испостава Велес, кои се во склоп на царинскиот терминал Брако во Велес.

На примопредавањето на новите простории со подобрени  услови за непречено извршување на работата на царинските службеници, присуствуваа управникот на Царинарница Штип, Иван Спасовски (во чии рамки е Царинска испостава Велес) и директорот за финансиски и царински прашања на компанијата Брако, Орце Давчев.

Во своето излагање директорот Давчев изрази благодарност до царинската служба која со своето работење во континуитет го поддржува развојот на стопанството и истакна дека долгогодишната добра соработка со Царинската управа ќе продолжи и во иднина.

Управникот на Царинарница Штип истакна дека Царинската управа и понатаму ќе се залага за поддршка, соработка и развој на компаниите  во регионот на подрачјето на Царинарница Штип, како и на територија на целата држава и изрази благодарност до компанијата Брако за изградбата на новите работни простории.

   

21042022222
321042022558
4210420225656
naslov21042022
Previous Next Play Pause
1 2 3 4