На 20 април 2022 година, во просториите на Царинската управа се доделија благодарници на царински службеници кои одбележуваат 10, 20 и 30 години од своето работење во службата.
Царинската управа на 14-ти Април одбележа 30 години од основањето како независна служба. По тој повод, директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, во знак на признание за посветеноста при вршењето на должноста и даден придонес за успешната работа на Царината, додели Благодарници на 145 царински службеници.
Директорката Кутиров во своето обраќање истакна дека движечка сила на сите досегашни успеси на Царинската управа се пред сé вработените, кои во изминативе 30 години посветено се вложија во втемелувањето и напредокот на Царината.