Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18), член 94 став 2 и член 148 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 177/13, 62/15, 111/15, 215/15, 217/15,192/16, 21/17, 181/17, 233/18, „Сл. весник на РСМ” бр. 199/19 и 179/21) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година,

 

ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/22 за прибирање понуди за склучување на договор за користење  на работен простор за следниот царински орган:

 

 

  1. Царинска испостава Прилеп (за увозно извозен работен простор – терминал)

Документите кои понудувачот треба да ги достави и условите што треба да ги исполни, како и начинот на избор се наведени во Упатството за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година објавено на интернет страната на Царинската управа www.customs.gov.mk, со име на линкот “Упатството за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи” од каде може да се преземе.

Рокот за доставување на понуди изнесува четиринаесет (14) дена сметано од денот на објавување на јавниот повик во јавните гласила.

Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок, како и оние кои нема да ги содржат сите потребни документи нема да се земат во разгледување.

Понудите се доставуваат на следната адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за административни и технички работи

(со назнака”за јавен повик број 2/22”)

Ул. Лазар Личеноски бр. 13

                                                                                                                                          1000 Скопје