Денес, Царинската управа свечено го одбележа својот јубилеј - 30 години постоење.

На прославата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за финансии  Фатмир Бесими, високи претставници на Владата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, поранешни директори на Царинската управа, претставници на деловната заедница и други соработници. Почесен гостин на свечениот настан беше Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

„Царинската управа и царинските работници се еден од првите контакти со нашата земја, и затоа поставените норми за професионално царинското работење ги препознаваме како важен предуслов за унапредување на меѓународната трговија на нашата земја“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Понатаму, во своето обраќање посочи дека „Дигитализацијата како процес во Царинската управа е дел од дигиталната трансформација на општеството со која ја унапредуваме ефикасноста, но и ја зголемуваме довербата на граѓаните и на бизнис секторот во институциите. Таа е главна алатка на добро и транспарентното работење“.

Министерот за финансии, г.Фатмир Бесими ја поздрави успешната соработка, посочувајќи дека „Царинската управа има клучна улога во олеснување на трговијата, преку забрзани и олеснети и дигитализирани постапки, што има влијание врз условите за водење бизнис, а во нејзина надлежност е и ефикасна наплата на приходите кои имаат влијание врз приходите во буџетот.“

„Втемелена во традиоционаните почетоци на осамостојувањето, со огромна динамика на развој, Царинската управа прерасна во вистински сервис на граѓаните, деловната заедница и државата. Денес таа е модерна, технолошки напредна служба и лидер во промените во регионот, рамо до рамо со царините на земјите во Европската Унија. Исправена пред предизвикот постојано да одржува рамнотежа на забрзување на прекуграничната трговија и истовремено да применува ефикасни мерки и контроли за заштита на здравјето, безбедноста и финасиските интереси на државата“, истакна директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров.  Во своето обраќање, директорката се осврна на постигнатите резултати, реализираните реформи и најзначајните настани кои ги одбележаа овие триесет години.

Честитки за упешното триесет годишно работење упатија Генералниот секретар на Светска царинска организацијаи Кунио Микурија и директорот на Генералниот директорат за царини и оданочување на Европската комисија (DG TAXUD) Томас Герасимос, преку видео обраќање.

Со доделување на плакети со повелба, директорката на Царинската управа ја изрази својата благодарност кон соработниците и партнерите за нивната поддршка во изминатите 30 години. Плакети беа доделени на:  Стопанкса комора на Република Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија,  Стопанската комора на северо – западна Македонија, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Царината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Соединетите Американски држави и Делегацијата на Европска Унија.

На крајот од свечениот настан, присутните имаа можност да проследат демонстрација со опремата за контроли што се користи во секојдневното царинско работење и поблиску да се запознаат со улогата на Царината за заштитата на општеството.

    

 

1515042022
51504202255
61504202266
71504202277
120514202212
215042022222
315042022333
415042022444
814052022888
915042022999
1105042022111
10150420221010
14150420221414
130415202021313
1615042022161616
naslov5152022naslov
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16