Денес, во Скопје се одржа завршна церемонија за еднонеделната обука под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, наменета за надградба на знаењата и вештините на царинските службеници во борбата против ширење и спречување на недозволена трговија.

Учесници на обуката беа царински службеници од Северна Македонија, Србија и Косово. За време на обуката, царинските службеници од трите земји имаа прилика да се запознаат со анализи на конкретни случаи и теми за набљудување на невербалното однесување и техники за водење на интервју при откривање на случаи на недозволена трговија.

На свеченоста за затворање на обуката, се обратија амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз и директорката на Царинска управа м-р Славица Кутиров која ја потенцираше досегашната поддршка на Амбасадата на САД, која преку најразлични активности и проекти континуирано, во сите области од царинското работење дава поддршка на Царинската управа, а на учесниците на обуката им посака успешно спроведување на новостекнатите техники што ќе придонесат за зголемување на нивната  безбедност при извршување на задачите и ќе доведат до успешно спречување на сите форми на организиран криминал и недозволена трговија.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5