Денес, во просториите на Царинската управа се оствари протоколарна средба со амбасадорот на Репулика Бугарија  Н.Е. Ангел Ангелов.

 

 

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји во делот на олеснување на прекуграничната трговија. Амбасадорот беше запознаен со активностите што се преземаат во насока на реализација на заедничките проекти со Република Бугарија, како што е проектот за  реконструкција на граничниот премин Деве Баир, актуелната состојба околу проектот за изградба на нов граничен премин Клепало и изградба и реконструкција на граничниот премин Делчево.

За време на состанокот се дискутираше и за добрата економска соработка на двете земји и можностите за унапредување на царинската соработка, преку проширување на Зелените коридори на граничните премини со Република Бугарија, во насока на зголемување на регионалната и меѓународна соработка и олеснување на сите царински процедури.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3