Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 31.03.2022 година со почеток во  13:30 часот, во просторијата број 1 на “Европскиот универзитет“- Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат), ќе се спроведе полагање на стручен испит за вториот дел од испитот –студија на случајот со кој се проверува способноста за примена на царинските прописи во практиката, за кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел).

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се: 

р.бПрезиме и имеВреме на полагањелокација
1.ЈОВАНОВА ВАЛЕРИЈА13:30Просторија 1
2.ГАВРОСКИ НИНОСЛАВ13:30Просторија 1
3.АНГЕЛЕСКА ЕЛЕНА13:30Просторија 1
4.ВАСИЛЕВСКИ ТОМИСЛАВ13:30Просторија 1
5.ПЕТРУШЕВСКА АНГЕЛА13:30Просторија 1
6.САСАНСКА БИЛЈАНА13:30Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени за полагање на втор дел од испитот. 

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје), 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.