Денес, Програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, организираа работилница за подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките - согласно ПЕМ Конвенцијата, Брегзит и новите транзициони преференцијални правила за потекло.

Покрај претставници на УСАИД, ЦЕФТА, Царинска управа, работилницата ја следеа повеќе од 150 учесници претставници на компании.

Работилницата е прва од серијата на настани кои Програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата ги организира во членките на CEFTA, како дел од поддршката на процесот на имплементација на ревидираните правила на потекло.  Целта на оваа  работилница е да го олесни процесот на примена на ревидираните правила за потекло преку зголемување на степенот на информираност на компаниите за конкретните промени кои се воведуваат со новите поедноставени правила за утврдување на преференцијалното потекло, поволностите кои тие ги носат за приватниот сектор, како и начинот на нивна практична примена.

Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров имаше чест со поздравно обраќање да ја отвори оваа работилница, истакнувајќи дека покрај многуте активности што Царинската управа ги спроведува во моментов, во рамките на стратешките приоритети за олеснување на трговијата и заштита на општеството и државните интереси, се стреми и за поддршка и обезбедување на регионалниот и глобалниот синџир на снабдување. Еден од можните одговори на предизвиците е подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките, како и истите да се интегрираат за да се применат на унифициран начин. Притоа, директорката изрази поддршка за одржување на што повеќе работилници од ваков тип, како еден од најдобрите  начини за подобро разбирање на оваа сложена тема и правилна примена на правилата за потекло.

 

  

 

10032022111
403102022444
2031020222222
3100320222333
5031020226666
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5