Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 13.12.2021 година и број 01-036570/21-0017 од 11.02.2022 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-2310/2 од 04.03.2022 година, Царинската управа  објавува:

                                                            ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2022

за вработување на 3 (три) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 3 (три) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Советник за односи со јавноста и графички дизајн во Служба за одмоси со јавност во Одделение Кабинет на директорот, 1 извршител,
  2. Систем инженер  за корисничка поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за  апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,
  3. Советник за апликативна поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за  апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,

Општи услови за сите работни места:

      - да е државјанин на Република Северна Македонија,

      - активно да го користи македонскиот јазик,

      - да е полнолетен,

      - да има општа здравствена способност за работното место и

      - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник за односи со јавноста и графички дизајн

      - ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Наука за јазикот (Лингвистика), Ликовна уметност,

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

      - најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Систем инженер  за корисничка поддршка

      - нивоа на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Информатика, Машинство, 

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

      - најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за апликативна поддршка

      - ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Машинство, Информатика, Организациони науки и управување (менаџмент),

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

      - најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

      - Доказ за државјанство;

      - Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

      - Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек);

      - Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

      - Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

      - Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија);

      - Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за односи со јавноста и графички дизајн – 32.391,00 денари, Систем инженер за корисничка поддршка – 37.538,00 денари  и Советник за апликативна поддршка – 34.114,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 11.03.2022 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.