Денес Царинската управа зеде учество на настанот ‘’Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата „Отворен Балкан“ , на кој беа презентирани резултати од првото квантитативно и квалитативно истражување на оваа тема.
Свое излагање за придобивките од иницијативата Отворен Балкан имаше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Г-дин Димитар Ковачевски, кој истакна дека презентираната анализа нуди сеопфатна слика за состојбата на регионалната соработка во регионот од аспект на четирите слободи и тоа – слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал, што ги мапира клучните чинители за зајакнување на соработката во рамки на „Отворен Балкан“.Тој додаде дека овој извештај веднаш ќе го сподели со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама, како одличен податлив инпут за претстојниот Самит на Отворен Балкан кој ќе се одржи во Охрид пролетва.
На настанот презентација имаше и Директорката на Царинската управа Славица Кутиров, која зборуваше за тековните активности и придобивките од иницијативата Отворен Балкан, на кои е фокусирана Царинската управа, пред се во делот на слободно движење на стоки, како што се:
- Забрзување на прекуграничниот проток помеѓу земјите од Отворен Балкан со унапредување на инфраструктурата и примената на договорите за One Stop Shop на Табановце-Прешево и воспсоптавување на One Stop Shop со Албанија,
- оперативна примена на Протоколот за меѓусебно признавање на ОЕО со Србија,
- опредлување на посебни ленти на граничниот премин Табановце и Прешево за економски оператори од земјите на Отворен Балкан,
- воведување на елекронски фито и ветеринарен сертификати.